Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бил и Мелинда Гејтс се разведуваат: Што значи ова за нивното богатство и за светот?

0
By НОВА ТВ on May 4, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 4, 2021 19:00

По 27 години брак, Бил и Мелинда Гејц вчера објавија дека планираат да се разведат. Бил и Мелинда ја објавија оваа вест со идентични статуси на нивните Твитер профили – забрането е коментирање на двата статуси. Тие го напишаа следното:

„После многу размислување и многу работа на нашата врска, донесовме одлука да го прекинеме нашиот брак. Во текот на последните 27 години, воспитавме три неверојатни деца и изградивме фондација која работи низ целиот свет за да им овозможи на сите луѓе да водат здрави и продуктивни животи. Ние продолжуваме да веруваме во таа мисија и ќе ја продолжиме нашата заедничка работа во фондацијата, но повеќе не веруваме дека можеме да растеме заедно како пар во следната фаза од нашите животи. Бараме простор и приватност за нашето семејство додека почнуваме да се движиме по овој нов живот.“

Бил и Мелинда Гејц се меѓу најбогатите луѓе во светот. Како еден од основачите на технолошката компанија „Мајкрософт“, Бил Гејц собра огромно богатство. Како и многу други милијардери кои поседуваат акции, богатството на Гејц значајно се зголеми за време на пандемијата. Не е јасно колкаво лично богатство има Мелинда Гејц, која ја основаше Pivotal Ventures, инвестициска компанија фокусирана на жени и семејства во 2015 година. Но сега Гејц парот има скоро 130 милијарди долари кои ќе треба да се поделат меѓу нив преку разводните процедури.

Бил и Мелинда Гејц исто така се едни од најважните луѓе во филантропскиот свет преку Bill and Melinda Gates Foundation. Односно тие имаат донирано милијарди долари за добротворни цели, меѓу кои и во образование, истражувања за маларија и Kовид вакцините. Но, некои се скептични околу корисноста на нивната фондација, како и ниската транспарентност на организацијата. Други ја критикуваат фондација од анти-капиталистичка перспектива, сметајќи дека не е добро што Бил и Мелинда Гејц имаат толку моќ како индивидуални луѓе. Односно дури и Гејц парот да има некаков позитивен ефект во светот, сепак самата структура на филантропија од овие размери е недемократска бидејќи Бил и Мелинда се тие кои одлучуваат што да се прави со огромни суми пари, наместо голем број луѓе да бидат вклучени во вакви важни одлуки.

Исто така фондацијата на Бил и Мелинда има добиено критики околу нејзината работата за заштита на правата на интелектуална сопственост на приватните компании. Тоа дојде во фокус сега повеќе од кога од било кога, бидејќи многу национални влади се залагаат за отворен пристап до вакцините Ковид за да се стави крај на пандемијата. Односно, Гејц парот – а особено Бил – се залага за да се задржат правата на интелектуална сопственост и кај компаниите кои ги развија Ковид вакцините, иако овие компании добија и огромни суми државни пари за да ги развијат вакцините. Поради овие закони за интелектуална сопственост, производството се централизира кај одредени компании и земји, оставајќи многу не-западни и посиромашни земји да чекаат милостина од (западните) земји кои веќе ги произведуваат вакцините, наместо овие земји сами да ги произведуваат вакцините. Секако дека достапноста на овие вакцини од животна важност за многу луѓе низ светот така што многу е релевантно за што се залага еден од најбогатите и најмоќните луѓе на светот.

Причината зошто толку медиуми објавија вести за овој развод е заради огромното богатство што го поседува парот. The New York Times пишуваат дека се смета дека Бил и Мелинда имаат потпишано предбрачен договор, но сепак не е јасно како ќе ги поделат парите меѓу себе. Пред Гејц парот само главниот сопственик на „Амазон“ Џеф Безос и неговата бивша жена Мекинзи Скот имале развод од вакви размери – Скот доби 36 милијарди долари во „Амазон“ акции како дел од разводот и потоа вети дека планира голем дел од нив да ги донира во добротворни цели.

Бил и Мелинда Гејц планираат да продолжат заедно да работат како ко-претседатели во нивната фондација. Прашање е како и дали нивниот развод ќе има ефект врз оваа фондација во иднина, особено бидејќи парот планира да го подели своето богатство меѓу себе.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.