Националната здравствена комисија на Кина објави дека вкупниот број на смртни случаи од корона-вирусот, заклучно со вчерашниот ден, е 170, бројот на заразени се зголемил за повеќе од 1.700 случаи додека како сомнителни се водат 12.167 лица.
Од 170 смртни случаи досега, 162 се пријавени во епицентарот на епидемијата во Хубеи. Седумдесет заразени пациенти се пријавени во повеќе од 20 земји, вклучувајќи ги Јапонија, Германија, Франција, Тајван и Виетнам.
Вкупниот број на заразени со корона-вирус е поголем од оној на инфицирани од САРС кој во 2002-2003 година однесе 774 човечки животи од кои 349 беа регистрирани во Кина.
Во меѓувреме, финските власти потврдија за прв случај на корона-вирус во државата. Други 15 лица се под строг лекарски надзор.