Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Билд“: Грција, Кипар, Германија и Австрија имаат најголем товар со баратели на азил

0
By Gabi Tocko on March 25, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
Германија мигранти
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Грција, Кипар, Германија и Австрија прифаќаат несразмерно голем број баратели на азил во однос на нивната популација, покажуваат податоците од доверлив документ, објавен од весникот Билд.

Грција засолни 6,81 отсто од мигрантите во однос на нејзината популација, додека според „фер распределбата“ во рамките на Европската Унија, има право на 1,9 отсто. Кипар прифаќа 1,36 отсто од барателите на азил, иако тоа треба да биде 0,18 отсто. На врвот на објавената листа е Германија, која прифаќа 35,42 отсто од сите пријавени, иако тој процент би требало да изнесува 22,05 отсто. Австрија, пак, се соочува со 4,85 отсто, додека би требало да се ограничи на 2,46 отсто.

Според информациите на германскиот весник, Холандија, која е дом на 0,64 отсто азиланти кога би требало да биде 1,64 отсто, настојува да спроведе правило за распределба врз основа не на населението на секоја земја, туку на нејзината економска сила. Еден од највпечатливите примери во овој поглед е Полска, која дава засолниште за 0,86 отсто, додека треба да ги прифати барањата на 6,25 отсто од барателите на азил (врз основа на критериумот за население).

Грчкиот министер за миграција и азил Панајотис Митаракис истакна дека „во првите месеци од 2023 година, пристигнувањата се зголемени за 177 отсто во споредба со претходната година, а ако се погледне бројот на нови мигранти од јануари 2022 до јануари 2023 година е уште подраматично – зголемувањето е 278 проценти“. Затоа Митаракис бара сеопфатна помош од ЕУ, особено во регионот погоден од земјотресите во Турција, за да се спречи натамошниот миграциски притисок од тој регион.

Г. Т.

Австрија Билд Германија Грција Кипар Мигранти товар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.