Арсен Венгер ќе биде наследник на Нико Ковач на клупата на Баерн Минхен. Баварците славеа над Олимпијакос со 2:0 во Лигата на шампиони што делумно ги залечи раните по дебаклот од Ајнтрахт во Франкфурт во Бундеслигата, но вечерашната победа никако нема да влијае на судбината на в.д. тренерот Ханс Петер Флик.

Добро информираниот весник „Билд“ пишува дека управата на германскиот гигант веќе стапила во прелиминарни разговори со претставници на францускиот менаџер кој за ривали на клупата ги имаше и Ралф Рангник и Ерик тен Хаг. Но, Ули Хенес и Карл Хајнц Румениге пресекоа и го избраа екс тренерот на Арсенал.

Медиумот наведува дека Венгер е подготвен да ја прифати понудата од Минхен, без оглед дали ќе биде краткорочна или долгорочна. Параф на договорот за соработка меѓу Баерн и Французинот се очекува по дербито на Баварците со Борусија Дортмунд во Бундеслигата и истиот, веројатно, ќе биде со важност до крај на сезоната со можност за продолжување и за иднина.