Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Билјана Максимовска Поповиќ и Никола Џамбазовски нови членови на Управниот одбор на Комерцијална банка

0
By Соња Крамарска on June 16, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 16, 2022 11:16

Управниот Одбор на Комерцијална банка АД Скопје го прошири својот состав со два нови члена. Во соопштението кое го објави банката стои дека новите членови се Билјана Максимовска Поповиќ и Никола Џамбазовски, кои се едни од раководните лица на Комерцијална Банка. Со тоа бројот на членови на Управниот Одбор на банката се зголеми од три на пет.

„Комерцијална банка АД Скопје известува дека, согласно последните измени на Статутот на Банката, Управниот одбор на Банката во состав – Хари Костов, претседател и главен извршен директор, Илија Илоски, член и главен оперативен директор и Маја Стевкова Штериева, член и главен финансов директор, е проширен со уште двајца нови членови – Билјана Максимовска Поповиќ, член и главен директор за корпоративно банкарство и Никола Џамбазовски, член и главен директор за продажба и развој“, се вели во соопштението на Комерцијална банка.

Двајцата нови членови на Управниот одбор добија согласност од Народната банка на на 15.06.2022 година со мандат од 2 години. Билјана Максимовска Поповиќ има 25 годишно работно искуство во Банката од кое 19 години на раководни позиции во Секторот за кредитирање на стопанство. Во 2003 година таа станува дел од менаџментот на Банката како директор на Дирекцијата за кредитирање на индустрија, а подоцна во 2007 година е назначена за директор на Секторот за кредитирање на стопанство. Од 2022 година ја извршува функцијата главен директор за корпоративно банкарство.

Никола Џамбазовски, има 19 години работен стаж во Банката во областа на кредитирање на стопанството и управување со проблематичните побарувања, од кои на раководни позиции последните 12 години. Од 2017 година е назначен за директор на новооснованата Самостојна дирекција за наплата на проблематични кредити, функција која ја извршува и денес. Од 2017 до 2022 година Џамбазовски беше неизвршен член и претседател на Одборот на директори на Тутунски комбинат Прилеп. Од 2022 година ја извршува функцијата главен директор за продажба и развој.

Комерцијална банка нови членови на Управен одбор 2022
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.