Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

БИРН проверка на факти: Најавите на Заев за инвестиции скоро точни

0
By Нова ТВ on February 1, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 1, 2020 19:05

Додека лидерот на социјал-демократите е во трка повторно да стане премиер, БИРН одлучи да ги провери фактите од неговото предвидување и да види колку фабрики беа отворени во Северна Македонија во последното тримесечје од 2019 година.

Во средината на октомври, тогашниот премиер на Северна Македонија, Зоран Заев им кажа на новинарите дека „во наредните два до три месеци“ очекува да започнат подготвителни активности „за најмалку пет или шест нови значајни производствени погони“ во земјата.

 

Заев даде оставка на 3 јануари за да се формира техничка влада што ќе ги организира предвремените парламентарни избори на 12 април.

Четири, не пет

Во текот на третото тримесечје од 2019 година беа отворени три нови фабрики и почна изградбата на уште една, што значи дека краткорочното ветување за инвестиции на Заев за најмалаку пет фабрики беше преоптимистичко, но скоро точно.

Во исто време, три други компании потпишаа договори со владата за отворање на две нови фабрики и еден нов ИТ центар.

На 29 октомври, турски „Пурпласт“, производител на пластични делови за автомобили, потпиша договор за закуп на развојно земјиште и изградба на фабрика вредна 12 милиони евра. Беше кажано дека градежните работи ќе почнат веднаш и дека фабриката ќе вработи 300 луѓе.

Два дена подоцна, швајцарски „Баумер“, производител на сензори, мерни и навигациски инструменти што се користат во автомобилската и воздухопловната индустрија, отвори нова фабрика во близина на главниот град Скопје.

Инвестицијата изнесуваше 4,7 милиони евра и 150 нови работни места во првата фаза, со планови за поголем развој. Исто така има разговори околу отворање на центар за истражување и развој во земјата, во кој ќе се вработат 500 работници доколку првичната инвестиција се покаже како успешна.

Доаѓањето на два нови производители на делови за автомобили е добар знак за Северна Македонија, земја која веќе има грст фабрики за автомобилски делови, вклучително белгискиот производител на автобуси „Ванхул“ во близината на Скопје.

Привлекувањето на слични компании – што често носат со нив производство со користење на висока технологија и знаење (know-how) со мала цена по животната средина – се гледа како приоритет за земјата каде индустриското производство моментално главно се потпира на загадувачкиот металуршки сектор.

Руси, Германци, Чеси

Ноември помина без значителни најави за инвестиции, но декември надокнади за претходниот месец. На 11 декември, руски „Кранфилд фаундри“ отвори нов погон за производство на железо во близината на малиот рударски град Пробиштип. Владата кажа дека инвестицијата изнесува околу 20 милиони евра, додека сопствениците рекоа дека планираат да вработат околу 300 работници.

Во обраќањето на настанот на отворање на фабриката, Заев рече дека „Кранфилд“ веќе планира да инвестира дополнителни 15 милиони евра за проширување на производството и го нагласи фактот дека употребата на штетни материјали во производствениот процес е строго забранета.

Два дена подоцна, Заев присуствуваше на отворањето на нова фабрика за производство и пакување на месо во близината на Струга на југозападот од земјата. Заедничка македонско-германска инвестиција, 2,2 милиони евра вложени во фабриката, со поддршка на Европската Унија преку предпристапните фондови за рурален развој.

На 19 декември чешката компанија „Локо Транс“ потпиша договор со владата за државна помош и планирана изградба на фабрика за производство на вагони во износ од 15-20 милиони евра. Компанијата не кажа кога точно планира да почне со изградбата, но истакна дека погонот ќе вработи околу 250-300 луѓе.

Се очекува фабриката да вработи многу квалификувани работници кои претходно работеле во државната компанија „Колска“, што оперира во истиот сектор, но се соочува со големи потешкотии поради недостаток на побарувачка.

ИТ ветување

На 23 декември, Заев го посети Прилеп и присуствуваше на поставување камен-темелник на нова сточарска фарма „Голд Ленд“. Инвестицијата изнесува околу 4 милиони евра и е исто така поддржана од ЕУ ИПАРД претпристапните фондови за рурален развој.

„Преку ИПАРД и нашата институционална поддршка се грижиме за рамномерен регионален развој“ рече Заев.

Истиот ден дојде најавата на многу поголема инвестиција, односно поддршка на Владата за планираното отворање на ИТ центар од страна на водечката бугарска компанија за ИТ решенија „СкејлФокус“.

Бугарите кажаа дека се подготвени да инвестираат околу 45 милиони евра во земјата во следните пет години и да отворат 300 работни места.

Како и во многу други земји од Источна Европа и Балканот во последните десет години, ИТ секторот во Северна Македонија постигна брз развој во споредба со други сектори. Владата се надева дека поголеми инвестиции во секторот ќе и помогне на Северна Македонија да го задржи младиот квалификуван ИТ кадар, кој во голем број заминува во странство во потрага по поголеми плати и можности.

https://balkaninsight.com/2020/01/31/birn-fact-check-north-macedonia-investment-prediction-almost-on-the-money/

БИРН Зоран Заев инвестиции Најави проверка Фабрики Факти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.