Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бислимоски: Со УСАИД ги подготвивме подзаконските акти со кои се штитат потрошувачите

0
By НОВА ТВ Balaban on October 15, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во пракса Законот за енергетика покажа дека ги штити граѓаните и во кризни услови како сега на начин што во моментов цената на ЕСМ е 36,1 евра за 1 MWh , додека на берза цените достигнуваат и над 200 евра за 1MWh, изјави  Бислимоски

Регулаторна комисија за енергетика и водни  услуги (РКЕ) доби благодарница за успешна соработка во спроведување на проектот на УСАИД за развој на регионални пазари на енергија. Со помош на УСАИД, заедно ги подготвивме сите подзаконски акти, кои се обврска од Третиот енергетски пакет на ЕУ за коишто Енергетска заедница три години по ред не прогласува за најдобро регулаторно тело изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, на  завршниот настан „Идните предизвици во развој на енергетскиот сектор во Република Северна Македонија“ организиран од проектот на  УСАИД за развој на регионални пазари на енергија, каде што и му беше врачена благодарницата, информираат денеска од Регулаторната комисија за енергетика и водни  услуги (РКЕ).

 

„Во пракса Законот за енергетика покажа дека ги штити граѓаните и во кризни услови како сега на начин што во моментов цената на ЕСМ е 36,1 евра за 1 MWh , додека на берза цените достигнуваат и над 200 евра за 1MWh. Заедно со УСАИД ги подготвивме подзаконските акти кои се креирани исклучиво за да ги штитат потрошувачите и да обезбедат стабилност и сигурност во испораката на електричната енергија. Усвојувањето на обврските од Третиот енергетски пакет на РКЕ  и донесе статус на најдобар регулатор во рамките на Енергетската заедница три години по ред“ изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

 

Интензивни инвестиции во домашни енергетски капацитети, спојување на пазарите, зголемување на домашното производство на електрична енергија од обновливи извори се клучни во зголемувањето на енергетската независност, посочи претседателот Бислимоски. Тој истакна дека зеленото сценарио е можност за структурна и праведна енергетска транзиција на целиот енергетски сектор.

 

 

благодарница енергија Марко Бислимоски регионални пазари РКЕ УСАИД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.