Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бислимовски: ЕВН дистрибуција побара 100 отсто повисока цена на струјата за покривање на загубите во системот

0
By Sashko on December 14, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пристигна првото барање за цената на електричната енергија доставено од ЕВН дистрибуција. Согласно нивното барање, пред сè, заради зголемени трошоци за набавка на загуби на електрична енергија, се предвидува цената во 2022 година да биде 220 евра за мегават-час што значи бараат зголемување на цената за дистрибуција на електрична енергија од 100 проценти, истакна директорот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.

Тој, во гостување во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, наведе дека вкупните трошоци за набавка на загуби на електрична енергија, не се финансиски загуби, туку е техничка работа.

И имаат презентирано дополнителни трошоци заради дебаланси во системот, што е вообичаена работа од шест милиони евра, односно вкупно зголемените трошоци на Електродистрибуција, само за набавка на електрична енергија за покривање на загуби и за дебаланси се 140 милиони евра. Сите останати трошоци не бараат никаква промена, впрочем не ни имаат право, само врз основа на елементи кои што ниту можеле да ги предвидат, коишто не зависат од нивното работење, имаат зголемени трошоци од 140 милиони евра, рече Бислимовски.

Директорот на РКЕ посочи дека во текот на утрешниот ден очекувааат барање и од ЕВН Хоум, имајќи предвид дека заврши тендерот за набавка на електрична енергија, на кој се јави ЕСМ, а до крајот на оваа недела се очекува и барање од МЕПСО за пренос на електрична енергија.

Тој нагласи дека е јасно оти до 31 декември ќе нема рестрикции и промена на цената на електричната енергија од една едноставна причина, бидејќи определувањето на цената на електричната енергија „не е лицитација, не е желботека“, туку се врши врз основа на правилници и методологии.

АД ЕСМ достави понуда до Универзалниот снабдувач со електрична енергија ЕВН Хоум за задоволување на 100 отсто од планираните потреби за тарифните потрошувачи за првата половина на наредната година. Понудата што ја достави на петтиот тендер на ЕВН Хоум изнесува 41 евро за мегават час електрична енергија и за 13,6 отсто е повисока од понудата за периодот јули-декември 2021 година.

Во однос на ЕСМ, Бислимовски кажа дека прво нешто што треба да направи е да го зголеми своето производство на електрична енергија.

Некаде потребите на малите потрошувачи, домаќинствата ќе бидат околу три и пол гигават часови во 2022 година и јас верувам дека ЕСМ е способен со своите сопствени ресурси да го обезбеди ова производство, истакна директорот на РКЕ.

Тој се осврна и на ТЕЦ Неготино, која според најавите, треба утре повторно да започне со работа.

Се најавува дека ТЕЦ Неготино ќе почне со работа и има дополнителни количини на електрична енергија кои ЕСМ ќе може да ги продава и на слободниот пазар на електрична енергија по цена далеку повисока од оваа од 41 евро, бидејќи производната цена на ТЕЦ Неготино е некаде околу 160 евра за мегават-час, но е далеку пониска од онаа во моментот на светските берзи. Значи ЕСМ ќе може и да заработи, но и да помогне на целокупната македонска економија. Менаџментот на компанијата во 2022 година треба да знае дека ќе има предизвици, но во овие предизвици има и шанса компанијата да ја одржи на здрави нозе, се разбира доколку произведе колку што се очекува и колку што реално би можел да произведе и доколку овие вишоци од ТЕЦ Неготино ги продава на слободниот пазар на електрична енергија по пониски цени, потенцираше Бислимовски.

Тој информираше дека ТЕЦ Неготино е признаен за трошок и оти на годишно ниво нè чини околу три милиони евра.

Ние прво треба да го одржиме ликвиден целиот енергетски сектор. Ние можеме да донесеме одлука и цената на електричната енергија, како што кажуваат некои таканаречени експерти, да ја зголемиме за 50 проценти. Факт е дека процентот на наплата ќе се намали. Екстремно зголемување на цената на електричната енергија не е решение, туку напротив уште повеќе ќе направи дополнителни проблеми, оцени Бислимовски.

Околу цената на парното тој посочи дека прво се очекува цената на природниот гас за потоа да се одреди цената на парното, но потенцираше дека нема да дозволат ценовни шокови во однос на цената на топлиснката енергија.

„Факт е дека цената на гасот е најсериозниот проблем заради којшто настана и кризата за електрична енергија и до крајот на годината имавме стабилна цена, бидејќи од претходно биле закупени количини. Верувам дека цената што ќе ја обезбеди „Макпетрол“ ќе биде далеку поразумна од тие што беа на берзите низ Европа. Таа цена која што ќе ја обезбеди „Макпетрол“ како трговец со природен гас, по тоа цена понатаму ќе ги определуваме и цените за парно. Да почекаме да видиме каква ќе биде цената за природен гас, која што за крајната цена на парното влијае 70 проценти. Врз основа на таа цена што ќе ја имаме, ќе излеземе со конкретни мерки и со конкретни предлози како да се реши таа ситуација. Доколку се качи многу цената на парното ќе почнат луѓето да се исклучуваат и да се приклучуваат на електрична енергија што уште повеќе ќе ја влоши ситуацијата со електричната енергија. Дури тогаш може да имаме сериозни проблеми, особено во испади во Скопје. Нема да дозволиме ценовни шокови во однос на цената на парното, заклучи Бислимовски.

гас Македонија Марко Бислимовски парно РКЕ струја цена
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.