Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Досега немало Влада со толку слаба буџетска реализација

0
By Zoran Ivanov on December 19, 2025 УДАРНО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 19, 2025 22:06

Фатмир Битиќи: За 2026 година имаме буџет во кој 90 отсто од средствата одат за тековни расходи. Ако не се исполнат буџетските проекции, тоа ќе значи сериозни тешкотии во покривањето на елементарните потреби на општеството. Во овој момент категоријата на пристигнати, а неплатени обврски, плус долгот по основ на ДДВ, е приближно една милијарда евра,

Буџетот за 2026 година е преамбициозен, нереално испланиран и Македонија влегува во сериозна зона на задолжување. Слабата реализација на приходите, ниското ниво на капитални инвестиции и обидот да се затвори трезорот, е сигнал за сериозни проблеми со ликвидноста и економската активност. Граѓаните ќе плаќаат сè повеќе поради растот на цените, а ќе живеат посиромашно.

Годинава ќе ја завршиме некаде со 90 проценти реализација на приходите во Буџетот за 2025 година. Тие нереализирани 10 проценти се недостиг од околу 630-640 милиони евра.

Не можам да најдам некоја влада од самостојноста со ваква слаба реализација. Тоа укажува на грешки при планирањето. Ако се земат предвид овие над 600 милиони евра што нема да се соберат и ако се земат предвид уште 600 милиони евра што се обезбедени за покривање на дефицитот, тоа е промашување од 1,2 милијарди евра. Тоа дефинитивно укажува дека имате сериозен проблем со економската активност, со потрошувачката, со извозот, со увозот и со различните категории од каде што доаѓаат приходите. Плус, недостигаат речиси 380 милиони евра за капиталните инвестиции и дека нивната реализација е околу 52 проценти, што исто така е незапамтено.

Државата е сериозно заглавена и во долгови кон стопанството, во пристигнати и неизмирени обврски, во поврат на ДДВ. Цената на тоа е намалување на приходите. Затоа што во овој момент категоријата на пристигнати, а неплатени обврски, плус долгот по основ на ДДВ, е приближно една милијарда евра.

Извор: Слободен печат.мк

став Фатмир Битиќи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 6, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

ВЕСТИ July 6, 2026

 Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изрази оптимизам за напредокот кон завршување на војната во…

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.