НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Две нови инвестиции во Битола до крајот на годината

0
By Biljana on July 23, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За четири години покажавме што значи да се работи одговорно и отчетно во интерес на граѓаните, за четири години направивме сериозна позитивна трансформација на секој сегмент од општеството, истакна потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи на вечерашната трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Битола.

„За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, беа потрошени 250 милиони евра пари на граѓаните за да се креираат 15.000 работни места. Ние за 4 години обезбедивме 90.000 работни места, а за тоа само минатата година имавме потрошено 70 милиони евра, за разлика од 250 милиони евра за само 15.000 работни места. И тоа не беше доволно, во 2017 година одлучивме дека ставаме крај на отворање нови работни места кои се сиромашни работни места, затоа што тие креираат сиромаштија. Да не заборавиме дека минималната плата од 9.000 денари ја зголемивме на 14.500 денари и тогаш од опозицијата се противеа на тоа зголемување велејќи дека со тоа покачување економијата ќе крахира. Денеска минималната плата е 15.200 денари а просечната речиси на 29.000 денари и економијата не е крахирана“, порача Битиќи.

Потпретседателот Битиќи најави нови инвестиции во Битола, потенцирајќи дека работните места кои ќе се отворат таму ќе бидат со минимални плати многу повисоки од законскиот минимум.

„Ние денеска преговараме за отворање на дополнителни нови 1.250 работни места ви Битола и сме пред потпишување на Договор за инвестиција од веќе постоечка фабрика, но под услов дека ќе добијат поддршка од државата само ако минималната плата што ќе ја дадат биде 22.500 денари. Е тоа е разлика, 9.000 наспроти 22.500 денари. Дали тоа е доволно? Не е, но е многу повеќе отколку 9.000 денари. Во преговори сме и за втора инвестиција, американска компанија, која ќе отвори 350 нови работни места. Зборуваме дека најдоцна до крајот на годината за две нови инвестиции во зоната во Жабени, со 1.600 нови вработувања. Така се сака татковината, не со зборови туку со работа. Нам не ни требаат ниту реклами ниту потплатени медиуми, ни требате вие затоа што вашиот глас вашето задоволство е тоа што не води напред“, заклучи Битиќи на трибината во Битола.

Битола инвестиции СДСМ Фатмир Битиќи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.