Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Најболно е тоа што државата повеќе не е сојузник на ранливите и на работниците

0
By Marija Todorovska on June 22, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Актуелниот пратеник и поранешен вицепремиер, Фатмир Битиќи, во интервју за Нова тв вели дека највпечатливата грешка на оваа влада е што ја изгуби врската меѓу политиката и реалниот живот.

Се напушти моделот на економија која создава можности, гледаме ад-хок мерки и политики кои не се засновани системски. Економијата ја губи својата динамика, резултатите кои се испорачуваат не се посакуваните. Системскиот пристап е изоставен, без чувство за време и последици, вели тој.

Битиќи потенцира дека како социјалдемократ најболно за него е што државата веќе не е сојузник на работниците и ранливите.

Социјалниот дијалог е парализиран, синдикатите се игнорирани, трипартитниот модел на дијалог за  унапредување на правата на работниците е напуштен. Темата за зголемување на минималната плата институционално не се дискутира и се бега од одговорноста – како од Владата да не знаат дека за поголемиот број на приматели на минимална плата тие се работодавачи, вели Битиќи.

Според него владее молк кој во прилог им оди на бизнис интересите, напоменува дека граѓаните се оставени со најниски плати да го преживуваат секој месец. А, за разлика од пасивноста на Владата, цените се динамични и активни.

Минималната плата во март се зголеми за 1.812 денари, а вредноста на потрошувачката кошница во април во однос на март се зголеми за 836 денари, додека пак во мај во однос на март се зголеми за дополнителни 1.217 денари. Доволни беа два месеци за растот на трошоци да го надмине растот на минималната плата. Сега потребни се 2,62 минимални плати од 24.379 денари за да се покрие потрошувачката кошница од 63.908 денари, појаснува поранешниот вицепремиер и актуелен пратеник, Битиќи.

Според него во финансиската политика, најголемиот проблем е нетранспарентноста.

Задолжувањата се прават без јасна стратегија и без јавна анализа за нивната исплатливост. Буџетот е повеќе маркетиншка платформа отколку инструмент за развој. Јавниот долг расте, капиталните инвестиции доцнат, а Владата тоа го прикажува како „редовна реализација“. Кога институциите ќе почнат да работат со отчетност, предвидливост и одговорност тогаш ќе можеме да зборуваме за финансиска политика. До тогаш, гледаме само управување на привремена удобност на владејачката гарнитура и штитење на нечиј интереси, кои не се усогласени со интересите на јавноста, вели Фатмир Битиќи за Нова тв.

Интервјуто со Фатмир Битиќи Нова тв ќе го објави во текот на утрешниот ден.

интервју минимална плата работници Фатмир Битиќи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.