Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Со растот на минималната плата правиме исчекор кон ерата во која работникот е достоинствено платен

0
By Gabi Tocko on March 13, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Една долгогодишна неправда полека ја исправаме и за првпат во поновата историја на Економско-социјалниот совет веќе не се преговара, туку само се утврди минималната плата, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во гостувањето на Сител телевизија.

Тоа е зашто минатата година се договоривме за критериумите со кои воспоставивме систем и еве го исходот денеска, зборувавме по десетина минути и кажавме дека сме задоволни од утврдената методологија. Ова е исчекор во ерата во која работникот ќе си го добие тоа што го заслужува, достоинствена плата за она што го извршува, истакна Битиќи.

Тој додаде дека од Организацијата на работодавачи истакнале дека се задоволни со решението и со зголемување на продуктивноста, тие се решени да ги зголемуваат платите. Ова решение ќе опфатени и 27 илјади административни службеници.

Законот за административни службеници се усогласи со Законот за минимална плата. Со тој закон се опфатени 27 илјади административни службеници, но и даватели на услуги во социјалната заштита и оние опфатени со ресорот култура. Линеарното зголемување ќе го добијат оние што се усогласени, а денеска веќе зборувавме со синдикатите и започнавме да го дефинираме општиот Колективен договор кој ќе го надмине прашањето за платите во јавниот сектор. Спреми сме следната недела да дискутираме за општиот колективен договор и да се реши работата со платите во јавниот сектор, додаде Битиќи.

битиќи долгогодишна неправда зголемување исправена минимална плата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.