Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи на конференцијата на Цивил: Циркуларната економија носи развој и еколошка заштита

0
By Соња Крамарска on May 23, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
„Вложувањето кое го правиме во енергетска ефикасност со производство на енергија од обновливи ресурси и забрзаното напуштање на фосилните горива е клучниот и највиталниот аспект на зелената транзиција“, рече заменик-претседателот на Владата за економски прашања Фатмир Битиќи на конференцијата „Недела на циркуларна економија на Западен Балкан“ во организација на Цивил што го спроведува регионалната мрежа ЛогЕкс, на иницијатива на угледната тинк-тенк организација Балкан Форум од Косово, а со поддршка од Rockefeller Brothers Fund од САД.
Во неговото обраќање, Битиќи рече дека да се зборува за циркуларна економија, значи да се зборува за ефикасноста и ефективноста на економските активности, за тоа како продуктивноста, конкурентноста и економскиот раст добиваат нови развојни патеки кои се одржливи.
„Глобализацијата и економскиот модел на зголемување на потрошувачката и само црпење од природата и природните ресурси во последните декади е драстично зголемен. Следствено на ова, на планетата Земја и се потребни година и пол за да го обнови она што го користиме, односно го трошиме за една година. Како цивилизација се соочуваме со овој дисбаланс, кој се испречува и пред одржливоста на нашата економија“, рече Битиќи.
Тој ја подвлече важноста за развивање на свеста за потребата од усвојувањето на циркуларниот пристап во економијата, кој веќе не е спореден аспект, туку централна тема која треба да насочува во сè што правиме.
„Првата, можеби и најважна перспектива во трансформацијата на економиите е тие да вложуваат во креирање на производи кои имаат поголема долготрајност и истовремено да можат да се рециклираат за целиот циклус да биде одржлив. Клучен момент во овој процес е и нашето вложување во енергетска ефикасност и производство на енергија од обновливи ресурси. Забрзаното напуштање на фосилните горива е клучниот и највиталниот аспект на зелената транзиција. Ова вклучува проширување на употребата на соларна, ветерна и хидро енергија, како и инвестирање во енергетски ефикасни технологии и инфраструктура“, рече Битиќи.
Вицепремиерот во својот говор подвлече дека национална економија која транзитира кон циркуларна не може да го заобиколи развојот на зелената инфраструктура.
„Ова вклучува инвестирање во одржливи транспортни системи, како што се електрични возила, јавен превоз и велосипедска инфраструктура, вклучувајќи и промовирање на енергетски ефикасни згради, зелени површини и одржливо урбанистичко планирање. Промовирањето на локално и одржливо производство на храна и поттикнувањето на здрава исхрана е од витално значење за градење на еко-пријателски систем во земјоделство, кое вклучува поддршка на практиките за органско земјоделство, односно намалување на употребата на хемиски препарати во производството на храна“, посочи тој и додаде дека најзначајните позитивни аспекти кои со себе ги носи транзицијата кон зелена економија е тоа што таа нуди можности за отворање на работни места и социјална вклученост.
„Меѓународната организација на трудот проценува дека глобалната вработеност би можела да порасне за шест милиони работни места преку зелена транзиција. Ова вклучува промовирање на развој на зелени вештини, преквалификација на работниците за зелените индустрии, но и обезбедување на праведна транзиција кон новите работни места. Транзицијата кон зелена економија бара меѓународна соработка и партнерства. Соработката со други земји, споделувањето на најдобрите практики и размената на знаења и технологии може да ја забрза зелената трансформација и да одговори на глобалните еколошки предизвици“, рече Битиќи.
Тој порача дека во регионална смисла,  можеме да се движиме напред кон циркуларна економија само преку заедничка регионална конкурентност, наспроти регионална конкуренција.
„Тоа и го правиме преку Националната развојна стратегија 2022-2042 која до крајот на годината треба да се усвои во нашето Собрание“, кажа Битиќи.
конференција Фатмир Битиќи Цивил Циркуларна економија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.