Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со нож по битолски музичар за време на онлајн-концерт: Имаш среќа што не дојдов со сатар

0
By Нова ТВ on May 11, 2020 ВЕСТИ
Фото: facebook
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хуманитарен онлајн концерт на битолчанец во саботата заврши крваво, но, за среќа, без посериозни последици. Музичарот Пеце Петровски (29) решил со јавен настап на социјалните мрежи да даде поддршка на малиот Лука од соседството кој е со аутизам, но и за подигнување на јавната свест и случајот со момчето да допре до надлежните институции. Но, перформансот од својот дом морал да го прекине во еден момент, бидејќи бил нападнат и расечен со нож од сосед за кого најавува тужба.

Фото: facebook

„За време на настапот, почнав да слушам удари со камења на мојот прозорец. Прекинав за да видам што се случува. Го видов Бојан од соседната зграда кој беше видно вознемирен, па и хистеричен. Почна да вика по мене, да ме навредува, а набрзо потоа ми дојде и на врата. Ми рече дека не можел да спие на што се обидов да му појаснам за што се работи. Во еден момент извади нож и ме расече по раката по што се обиде уште еднаш во што го спречи колегата Дарко. Потоа Бојан стана и тргна кон дома и ми дофрли – „имаш среќа што не дојдов со сатарот“. Вакво нешто досега не сум доживеал, а сум правел многу проби и свирки. Музиката беше во одредени децибели, ако толку му пречеше можеше да пријави во полиција“, раскажува Петровски.

Петровски го посветил концертот на Лука чија мајка, според него, се соочува со проблеми со дел од соседите и која неколкупати, како што вели, се пожалила од еден комшија кој не сакал да живеат во близина поради аутизмот на детето.

По инцидентот, Петровски со возило на Итна помош бил превезен до Ургентниот центар во Битола каде му била санирана повредата, а потоа и во полиција да даде изјава за случајот.

„Ангажирав адвокати и ќе поднесам приватна тужба. Соседот е приведен, а ножот му е одземен“, истакна Петровски.

Битола концерт напад нож онлајн
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.