Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Блер: Одлуката на Бајден за повлекување од Авганистан е трагична, опасна и непотребна

0
By Sashko on August 22, 2021 СВЕТ
Фото: cnn.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одлуката на американскиот претседател Џо Бајден за повлекување на американските војници од Авганистан за поранешниот премиер на Велика Британија, Тони Блер е трагична, опасна и непотребна. Во контроверзен коментар на својот сајт за исходот од трагедијата во Авганистан, тој тврди дека кризата покажала оти Велика Британија ризикува да биде исфрлена во втората лига на глобалните сили.

Во нападот врз Бајден поради ненадејното повлекување на американските војници, Блер пишува дека е очигледно оти одлуката за напуштање на Авганистан не е стратешка, туку политичка.

Не требаше да го правиме тоа, ние го избравме. Го направивме во согласност со имбецилниот политички слоган за завршување на „вечните војни“, наведе Блер, алудирајќи на слоганот на Бајден што го користеше за време на изборната кампања.

Бајден пред два дена повтори дека со повлекувањето од Авганистан сакал да стави крај на „бескрајните војни“.

Напуштањето на Авганистан и неговиот народ е трагично, опасно и непотребно, ниту е во нивен, ниту е во наш интерес. Мора да ги евакуираме и да им дадеме засолниште на луѓето за кои имаме обврска – Авганистанците кои ни помогнаа и кои беа со нас. Тие имаат право да бараат од нас да бидеме со нив. Не треба да се одредуваат произволни рокови. Имаме морална обврска да останеме додека сите оние на кои тоа им е потребно не бидат евакуирани. Не треба да го правиме тоа неволно, туку со големо чувство за хуманост и одговорност, истакна поранешниот британски премиер.

Тој додаде дека дури тогаш ќе дојде редот на талибанците.

„По евакуацијата, треба да изработиме начини за справување со талибанците. Треба да видиме како да извршиме максимален притисок врз нив. Ова не е толку едноставно како што изгледа. Изгубивме голема предност, но можеме делумно да ја повратиме. Русија, Кина и Иран ќе гледаат да извлечат корист од сето тоа“, заклучи Блер.

Велика Британија повлекување САД Свет Тони Блер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.