Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Блумберг“: Руската елита добила вакцина за Ковид-19 уште во април

0
By Нова ТВ on July 20, 2020 ВЕСТИ
Фото: thejakartapost.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претставници на руската елита како топ менаџери, државни службеници и бизнисмени, уште во април примиле експериментална вакцина против коронавирус, во рамки на тајна програма за испитување на новата вакцина, јави денеска агенцијата „Блумберг“. Според дописникот на МИА од Вашингтон, вакцината била разработена од државниот научно-истражувачки Центар за епидемиологија и микробиологија „Николај Ф. Гамалеи“ од Москва. Агенцијата се повикува на анонимни учесници во  програмата.

Во програмата учествувале неколку стотици лица и била скриена од јавноста за да се избегне наплив од барања на потенцијални кандидати кои сакаат да се заштитат од коронавирусна инфекција. Меѓу оние кои добиле вакцина се топ менаџерите на „Русал“, еден од најголемите светски производители на алуминиум, а се предлагала и на претставници на рускиот хемиски гигант „ФосАгро“, но оттаму наводно сè уште го разгледуваат предлогот.

Изданието не знае според какви принципи се селектирале учесниците во вакцинацијата која била бесплатна, а вакцинираните потпишале изјави дека знаат за можните ризици. Бизнисмени прашани од „Блумберг“ укажале дека различно ги прележале последиците од вакцината. Кај некои се зголемила температурата и чувствувале болка во мускулите, а еден топ-менаџер не забележал никакви споредни ефекти.

Некои бизнисмени, пак, одбиле да учествуваат поради ризици и чекале вакцината најпрво да се испроба на доброволци. Еден бизнисмен изјавил дека се откажал бидејќи докторот му објаснил дека ќе биде потребно да мине цела година за да се утврди какви последици вакцината ќе остави врз организмот.

Како во САД, во Канада, во Велика Британија и други западни земји, така и во Русија моментално се вршат испитувања за достапна вакцина против инфекција од Ковид-19. Според „Блумберг“, официјалните испитувања за вакцина во земјата започнале во јуни со тестирање на прва група од 18 луѓе. Испитувањата сè уште траат. Друга група од 20 доброволци денеска била ослободена од воениот клинички центар „Н.Н. Бурденко“ во Москва.

Кирил Димитриев, директор на Рускиот фонд за директни инвестиции, доброволно учествувал во испитување за вакцинација од Ковид-19 во институтот „Гемалеи“. Според него, масовна вакцинација во Русија се очекува да се случи и да заврши во текот на следната година.

Според русите научници, за да се запре епидемијата, вакцина треба да примат околу 60 проценти од населението на земјата.

Блумберг Вакцина Елита Ковид-19 Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.