Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Блумберг: Шолц уште утре би можел да и го одобри на Полска испраќањето на тенковите „Леопард“ во Украина

0
By Marta Pesevska on January 24, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германскиот канцелар Олаф Шолц уште утре би можел да и дозволи на Полска да ги извезе своите тенкови „Леопард“ од германско производство во Украина, наведуваат  извори запознаени со прашањето.

Берлин сака да донесе одлука за ова прашање што е можно поскоро за да го смири растечкото незадоволство меѓу сојузниците, изјавија изворите за Блумберг под услов да останат анонимни.

Полска денеска официјално побара одобрение од Берлин за извоз на тенковите, а германската Влада во текот на денот најави дека ќе одговори на ова прашање што е можно поскоро.

Си-Ен-Ен јавува дека германскиот парламент уште утре би можел да расправа за прашањето за испраќање на тенковите „Леопард“ во Украина.

Расправата во парламентот ја побараа опозициските партии Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) со образложение дека сакаат да се овозможи испраќањето на тенковите во Украина.

Германскиот закон бара одобрение за реекспорт на нејзината воена опрема, што значи дека тенковите „Леопард“ можат да бидат испратени во Украина само со согласност на Берлин.

Шолц досега инсистираше на тоа Германија да не дејствува одвоено од нејзините сојузници во НАТО во испраќањето нови категории тешко вооружување, поради загриженоста дека таквите потези може да предизвикаат ескалација со Москва.

Германските официјални лица секогаш јасно кажуваа во приватни разговори дека ќе испратат или ќе дозволат други да испратат „Леопарди“ во Украина само доколку САД го испратат својот главен борбен тенк „М1 Абрамс“.

Берлин оттогаш го промени својот наратив и сега официјални лица изјавуваат дека нема врски меѓу испраќањето на тенковите „Леопард“ и „М1 Абрамс“.

Весникот „Вол Стрит Џурнал“ денеска објави дека САД би можеле нивните тенкови „М1 Абрамс“ да ги испратат во Украина како дел од поширок меѓународен пакет што ќе ги вклучува и германските „Леопарди“.

Извор: МИА

Германија тенкови „Леопард“ Украина Шолц
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.