Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Богоев: Стевче Јакимовски ненаменски трошел пари

17
By Соња Петрушевска on April 16, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 16, 2018 14:28

Ненаменско трошење на пари од кредит во висина од 2,6 милиони евра и трансфери на средства до спортски клубови, здруженија на граѓани, поединци или правни лица за кои нема финансиски извештаи како биле трошени во времето на времето на владеењето на Стевче Јакимовски со Општина Карпош – утврдил Државниот ревизор при контрола на финансиското работење на  Општина Карпош.

Дел од Извештајот, кој се уште не е објавен на интернет страницата на Државниот завод за ревизија, го претстави градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев. Извештајот се однесува за 2016 година, кога со општината раководел поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски.

„Државниот завод за ревизија, утврдил дека во 2016 година, биле исплатени средства во износ од 38 милиони денари или околу 618 илјади евра на сметката на кошаркарскиот клуб „Карпош Соколи“. За доделените средства, клубот нема дадено детални податоци за начинот на кој се потрошени. Општина Карпош при исплата на средства до спортски клубови, не склучувала договори во писмена форма со примателот на донацијата и не се изготвувани извештаи за начинот на кој е трошена дадената донација/спонзорство, со што се повредени Законот за облигациони односи и Законот за донации и спонзорства во јавните дејности“ пишува во Извештајот на Државниот завод за ревизија.

Според Богоев, долгот на Општина Карпош е 18 милиони евра, кој почнал да се наплатува од 2012 година, а Општината должи високи суми и за адвокатски и за нотарски трошоци за извршители.  Во 2014 година, се подигнал и кредит од 2,6 милиони евра , но ревизорскиот тим утврдил дека се потрошил ненаменски. Наместо за тековни инфраструктурни проекти, парите биле искористени за плаќање на заостанатите обврски, со што е прекршен членот 20 став 6 и 26 од Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа.

Богоев, исто така рече дека проектот за изградба на административниот објект не бил одобрен од страна на Советот на Општина Карпош, а земјиштето и идната градба биле ставени под хипотека, без да се добие согласност од Министерството за транспорт и од Државното правобранителство, како надлежни органи за заштита на имотните права.

Ревизорот утврдил и дека посточеките простории во кои е сместена Општината се дивоградби, бидејќи нема одобрение за градба и одлука на Советот на Општината.

Извештајот завршува со тоа што ревизорскиот тим не изразува мислење, што значи дека финансиското работење на Општината е на најниско можно ниво, кажа Богоев.

Јакимовски беше три пати избран за градоначалник на општината. Прв пат во 2000 година како кандидат на ЛДП, потоа во 2009 како кандидат на СДСМ и во 2013 година победи како независен кандидат.

Богоев го достави конечниот извештај на ревизорите до  финансиската полиција и до Основното јавно обвинителство.

 

 

Богоев Јакимовски Ревизор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.