Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Богоев за случaјот „Рекет“: Во Карпош нема одобрение за изградба на старечки дом

0
By Соња Петрушевска on July 31, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 31, 2019 14:45

Во Општина Карпош немало, а нема ниту во моментот, ниту предмет, ниту одобрение, ниту решение, ниту каков било друг правен акт што се однесува на дом за возрасни лица. Такво нешто во Општина Карпош не постои, одговори градоначалникот Стефан Богоев на новинарско прашање дали од невладината организација Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски поднела барање за дозвола за градба на старечки дом во Општината.

Градоначалникот Богоев, кој беше повикан да даде исказ за случајот „Рекет“ во Oбвинителството за гонењe организиран криминал и корупција, рече дека се што знале кажал во Обвинителството, но детали во јавноста нема да изнесува за да не наштети на истрагата.

„ Овде се работи за конкретна работа што ја спомнавте и затоа сакам да ја расчистам дилемата, меѓутоа за другите детали ве молам на трпение што ќе каже Обивнителството. Се што знам сум кажав таму за да помогнам на истрагата, рече Богоев, по денешната средба со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој ја посети Полициската станица Карпош и локалната самоуправа, а заедно присуствуваа и на седница на Локалниот совет за превенција.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 15 јули го отвори случајот „Рекет“ во кој првоосомничен е шоуменот Бојан Јовановски-Боки 13, а второосомничен бизнисменот Зоран Милески-Кичеец.

Првоосомничениот го искористил своето влијание кај јавен обвинител и зел 1,5 милиони евра од лице под истрага за да му ја олесни положбата. Второосомничениот овозможувал средби со лицето под истрага, кое во оваа истрага е сведок.

Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев и битолската градоначалничката Наташа Петровска дадоа исказ во Јавното обвинителството.

„Во интерес на истрагата, Обвинителството не е во можност да сподели детали околу содржината на дадените изјави. Паралелно со прибирањето на вербални докази, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во континуитет дава насоки и наредби за вршење и на други истражни дејствија“, соопштија од Обвинителството.

Богоев Боки 13 Рекет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.