Поранешнот шеф на УБК Слободан Богоевски вели дека Груевски лаже дека е прислушуван, сакајќи да се прикаже како жртва и даизбегне одговорност з атешките дела за кои е обвинет.
– Мислам дека Груевски лаже дека е прислушкуван, како што лажеше дека УБК не вршела следење на комуникациите, дека странски служби тоа го правеле и некои жолти комбиња се шетале, а некој лепел и монтирал. Моја проценка е дека сака да побегне од сопствената одговорност, како човек кој е обвинет за тешки дела, сака да се покаже како политичка жртва и да го сврти вниманието од своите злодела. Му требаат вакви трикови во очи на изборите. Тој и ден денес живее во тој филм со жолти комбиња и мисли дека луѓето му веруваат, изјави Богоески во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија вчеравечер.
Одговарајќи на прашање поврзано со настаните во Собранието од 27 април, Богоевски изјави дека голем дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ се дел од злосторничко здружение.
– Исто важи и за лидерот, кој сам така се нарекува, и кој е осомничен и обвинет за најтешки дела. Да сум јас шеф ни минута не би ги оставил на слобода. Тие се опасност за Република Македонија, изјави Богоески.