Претседателот на платформата „Македонски концепт“, Петар Богојески своето право на глас го оствари утринава во ОУ „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје. Според Богојески, секој требаше да излезе и да гласа онака како што смета дека е правилно, но, додаде тој, од утрешниот ден натаму да не се жалиме доколку не сме подготвени да ги промени работите на подобро.
„Нашите стари кажале „со сила убавина не бидува“. Затоа денеска секој од нас требаше да гласа онака како што смета дека е правилно, но, сепак, да имаме едно на ум, од утрешниот ден натаму да не се жалиме доколку не сме подготвени за промена на работите на подобро и доколку не сме подготвени да влеземе во нормален и во спокоен живот“, изјави Богоески.