Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бојан Јовановски поднесува кривични пријави за најмалку 30 лица

0
By Нова ТВ on July 3, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бојан Јовановски денеска продолжи со поднесување на кривични пријави на записник во Основното јавно обвинителство Скопје, а поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“. Неговиот адвокат, Сашо Дуковски посочи дека пријавите се однесуваат за најмалку 30 лица.

„Се поднесуваат кривични пријави против повеќе лица, најмалку 30. Поради сериозноста на наводите во кривичните пријави од страна на пријавителот, беше побарано непосредно вклучување на најрелевантните меѓународни институции за заштита на човековите права, особено на најрелевантните светски амбасади кои имаат свои дипломатско-конзуларни претставништва во Република Македонија заради содржината на тоа што се изјавува“, посочи Дуковски.

Тој наведе дека досега се поднесени седум-осум кривични пријави, истакнувајќи дека се пријавуваат лица за конкретни дејствија кои што се поврзани со овие два кривични настана. Делата, како што рече Дуковски, се поткрепени со писмени докази во голем обем и со вербални докази во кои се посочени лица кои непосредно биле присутни на тие дејствија.

Дуковски истакна дека се поднесуваат и кривични пријави за кршење на човековите права на Јовановски, за нехумано и нечовечко однесување, за лица кои не биле директно вклучени во постапката. Во однос на наводите дека му биле упатувани закани на Јовановски, минатиот пат кога даваше искази, Дуковски кажа дека поднел кривична пријава против непознат сторител за загрозување на сигурноста.

„Подготвен сум да соработувам со Обвинителството во секој момент за секоја понатамошна постапка што ќе го интересира Обвинителството во врска со тоа јавување“, рече Дуковски.

Адвокатот на Јовановски минатата недела изјави дека пријавите се однесуваат за функционери од државните институции, но и за лица надвор од нив. Притоа, посочи дека се за дела злоупотреба на службената положба и овластувања, изнуда, измама, давање лажен исказ, несовесно лекување, тортура, итн.

Јовановски во случајот „Рекет“ беше осуден на девет години затвор, а поранешната специјална обвинителка Катица Јанева доби седум години затвор.

Боки 13
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.