Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Болтон се пресметува со Трамп: Тој не е компетентен за претседател

0
By Нова ТВ on June 23, 2020 ВЕСТИ
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Уште пред да се појават, мемоарите на поранешниот советник на претседателот Доналд Трамп предизвикаа бројни контроверзи. Американското министерство за правда поведе постапка за забрана на книгата поради содржење тајни информации кои на САД можат да им нанесат непоправливи штети, истакна министерот Вилијам Бар. Судијата Ројс Ламберт не издаде налог за забрана, иако остро го критикуваше Џон Болтон за тоа, како што истакна, што не обезбедил целосна проверка на текстот од страна на Националниот совет за безбедност.

Ламберт го критикуваше Болтон за прекин на процесот на проверка по четири месеци и испраќање на манускриптот кај издавачот. Последица – Болтон треба два милиона долари, доколку ги добие за книгата, да ѝ ги отстапи под одредени околности на владата. Во најлош случај му се заканува затворска казна.

„Опортунист” и заговорник на воени решенија

Книгата сега излезе од печат и Болтон во своето синоќешно интервју за ТВ „Еј-Би-Си“ не изгледаше претерано загрижен поради евентуални последици. Напротив, очигледно уживаше во улогата на провокатор и во отвореното изнесување на свое мислење за Трамп. Во своите мемоари тој го опишува претседателот како импулсивен и тврдоглав, човек кој не смее ни една минута да биде оставен сам.

„Мислам дека тој не е адекватен за функцијата. Мислам дека не е доволно компетентен за вршење на оваа работа”, изјави Болтон во ТВ-интервјуто

Оваа оценка, велат критичарите, со задоволство ќе ја слушнеа многу порано од устата на Болтон, за време на постапката за импичмент против претседателот Трамп во февруари, која не заврши со негово отповикување од функцијата. Тогаш Болтон не сакаше да даде исказ.

„Болтон е политички опортунист. Тој имаше можност да даде исказ и го одби тоа“, изјави Хеким Џефрис, демократски пратеник кој беше дел од обвинителниот тим.

Притоа Болтон беше незадоволен уште тогаш кога работеше во Белата куќа. Советникот, кој работеше и за претседателите Буш и Реган, важеше за тврд милитарист, кој повеќе се залага за воени отколку за дипломатски решенија. Разговорите на Трамп со политичките противници како севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ун воопшто не му се допаѓаа.

А тогаш се случи кризата околу Украина, околу која се вртеше постапката за отповикување на Трамп. Болтон тврди дека Трамп самиот лично му кажал дека ја задржува воената помош додека украинскиот претседател не поведе истрага против синот на демократскиот ривал Џо Бајден. Самиот Болтон бил стриктно против ваков потег. Но, очигледно не би спремен од таа причина да ја напушти Белата куќа и да даде оставка.

Итро одбран момент на објавување на книгата

Во размислувањата на Болтон, одбивањето да даде изјава во постапката за импичмент очигледно играло улога поради неговата идна кариера како писател, вели Брендон Конрадис, новинар во „Хил”, весник од Вашингтон и информативен интернет-портал за американската политика и економија. „Тој имал намера да пишува книга и сакал за неа да си ги зачува најдобрите приказни”, вели Конрадис во разговор за Дојче веле.

Болтон самиот пак тврди дека ионака нема да можел да го смени мислењето на републиканските сенатори, неговата изјава не би предизвикала никаква разлика, а неговата одлука нема врска со профит.

Но, едно е сигурно: мемоарите се појавуваат среде претседателската кампања. Подобар момент за продажба нема. Дали откритијата кои ги нуди Болтон во книгата ќе повлијаат на изборниот резултат во ноември, е друго прашање. Конрадис се сомнева во тоа: „Не верувам дека мемоарите на Болтон ќе го сменат мислењето на луѓето“. Мнозинството Американци веќе имаат изградено став, вели новинарот. Според него, поклучни се други работи, ккао кризата со коронавирусот и протестите против расизмот и полициското насилство. „Трамп навистина имаше тешки месеци, објавувањето на овие мемоари е навистина само мала трошка“.

Доналд Трамп Мемоари САД Џон Болтон
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.