Пред бомбата во дворот, Бајрам добивал предупредувачки видео пораки во кои  маскирано лице испраќа закани по неговиот живот и семејството и да се откаже од локалните избори.

Во дворот на семејната куќа на Габриел Бајрам, кандидат за советник на Град Скопје, синоќа била фрлена бомба кашикара.

-На 03.10.2021 во 00,13 часот во СВР Скопје Г.Б.(40) од Скопје пријавил дека на 02.10.2021 околу 23.56 часот во дворно место од куќа во негова сопственост на подрачје на Чаир непознат сторител фрлил експлозивна направа која предизвикала оштетување на ограда, врата, прозорци и фасада на куќата. Нема повредени лица. Известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Пред бомбата во дворот, Бајрам добивал предупредувачки видео пораки во кои  маскирано лице испраќа закани по неговиот живот и семејството и да се откаже од локалните избори.

Габриел Бајрам е претседател на Сојуз на Ромите во Македонија и син на покојниот пратеник Амди Бајрам.