Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бомба на „Гардијан“ за еуфорија во Манчестер: Роналдо договори кам-бек во Јунајтед

0
By Sashko on August 27, 2021 ВЕСТИ
Фото: Daniele Badolato/Juventus FC via Getty Images
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Манчестер јунајтед потврди дека се договори со Кристијано Роналдо за сензационален кам-бек на „Олд Трафорд“, откако раководствата на „црвените ѓаволи“ и на Јувентус нашле заеднички јазик за трансфер на Португалецот.

Петкратниот освојувач на „Златната топка“, според англиските медиуми, се очекува да потпише двегодишен договор под услов да добие виза и да ги мине задолжителните лекарски прегледи. Јунајтед, пак, се согласи првично да ѝ плати два милиони евра на „старата дама“ плус до три милиони евра како бонуси. 

Манчестер сити, до петокот, се чинеше како најверојатна следна дестинација во кариерата на Роналдо, меѓутоа по 48 часовните разговори на неговиот агент Мендеш, преселбата на „Етихад“ стана невозможна мисија. Ситуацијата кулминира со пресврт во, речиси, последен час, па Португалецот, кој ја започна кариерата во Спортинг Лисабон за потоа за рекордни 80 милиони евра во 2009 година да ја прифати понудата на Реал Мадрид, сега, на огромно задоволство да прифати да се врати во Јунајтед, чиј дрес го носеше шест сезони во минатото.

Манчестер Јунајтед е среќен што може да потврди дека клубот постигна договор со Јувентус за трансфер на Кристијано Роналдо, под услов да се договорат лични услови, виза и медицински прегледи, сподели клубот од „Олд Трафорд“ на Твитер.

Welcome , @Cristiano #MUFC | #Ronaldo

— Manchester United (@ManUtd) August 27, 2021

Кристијано Роналдо е петкратен освојувач на „Златната топка“, досега има освоено над 30 големи трофеи во кариерата, вклучувајќи пет титули во Лигата на шампионите, четири светски клупски првенства, седум титули во Англија, Шпанија и Италија, а со репрезентацијата на Португалија го освои и Европското првенство во 2016 година.

За време на шестгодишниот престој во Манчестер јунајтед, тој постигна 118 гола на 292 натпревара. На Роналдо му остануваат помалку од 12 месеци од актуелниот договор со Јувентус, вреден околу 31 милион евра по сезона.

Јувентус Кристијано Роналдо спорт трансфер фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.