Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бомбата ја замолкна Дафне, но нејзината истрага продолжи

1
By Нова ТВ on April 21, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Опозициските лидери во Малта поднесоа барање до судот, барајќи формално испитување на оф-шор компаниите на двајца блиски соработници и министри во Владата на  Џозеф Мускат.

Во пријавата со која се бара испитување на сомневањата за перење на пари се наведени и откритијата на новинарката Дафне Каруана Галиција, која беше убиена во октомври, минатата година. Меѓу доказите напишани на 120 страници се и преписки на застапниците на Конрад Мизи кој беше министер за енергетика на Малта, а во врска со исплата на 1,3 милиони евра на сметка на  компанија во Дубаи. Компанијата наречена „Блек 17“ е поврзана со фирми од Панама од кои профитирале двајца министри – Силвио Шембри и Конрад Мизи, пишува Гардијан.

Адвокатот на посочениот министер Мизи, рече дека обвинувањата се политички мотивирани, а во врска со компанијата во Панама кажа дека таа била затворена без никакво тргување.

Опозицијата ги повика посочените министри да се повлечат „Колку подолго ја водат земјата, толку повеќе ја нарушуваат репутацијата на Малта“.

Сопругот на убиената новинарка: Нарачателот на  убиството се штити

На 17 месецов, се одбележаа шест месеци од убиството на новинарката Дафне Галиција. Нејзиното семејство  верува дека тројцата мажи кои се обвинети за атентатот, го извршиле убиството по нарачака и изразија загриженост дека некои структури во Владата на Малта го заштитуваат оној кој ја нарачал ликвидацијата.

Во првото интервју по смртта на неговата сопруга во автомобил-бомба, Питер Каруана Галиција кажа дека политички интереси ја блокираат полициската истрага и рече дека стравува оти главниот организатор никогаш нема да биде изведен пред лицето на правдата.

„Нам ни е јасно дека  тројцата мажи се едноставно извршители. Моите синови и јас не сме убедени дека нашата влада навистина сака да утврди кои го нарачал убиството, бидејќи се плашат дека тие лица се всушност многу блиску до нашата влада. Поради оваа причина ние никогаш нема да ја знаеме вистината“ рече тој во интервју за Гардијан.

Малтешката влада вели дека полицијата докрај ќе го расчисти слуачјот и ќе ги провери сите докази. Министерот за правда нуди награда од 1 милион евра за информација што ќе го открие нарачателот.

Вдовецот зборуваше од семејниот дом во селото Биднија, каде што е под 24-часовна полициска заштита. Toj  живее сам бидејќи на семејството му било кажано дека е премногу ризично неговите три сина да останат да живеат на островот каде што пораснале. Тие сега живеат во странство.

По смртта на Дафне, 18 новински организации( Гардијан, Ројтерс, Зидојче Цајтунг, Ле Монд, Њујорк Тајмс) од 15 земји, се здружија  да ги продолжат и завршат истрагите што таа ги започна, но и да се обидат да откријат информации поврзани со нејзината смрт. Нивната истрага откри дека новинарката била под континуирани закани  повеќе од две децении. Во 2006 бил подметнат пожар во домот на новинарката.

Според два извори вклучени во истрагата, полицајците претпоставуваат дека оној кој ја направил бомбата е сé уште на слобода и дека нарачателот може да има  врски со организираниот криминал. Тројцата уапсени за убиството подготвено ја чекале полицијата да ги приведе. Пред да бидат уапсени, телефоните ги фрлиле во водата.

„Потсвесно знаеше дека ова е единствениот начин да биде запрена. Членовите на владејачката Лабуристичка партија ја поттикнаа јавноста да ја снимаат и фотографираат каде и да отиде и  ги испраќаа сликите на социјалните медиуми. Поради ова,  ретко ја напушташе куќата„ вели сопругот на Дафне..

Против неа биле поднесени дури 47 пријави за клевета.

 

Галициа која работеше на истрага за документите од Панама, беше убиена од бомба поставена во нејзиниот автомобил.

 

Корупција Малта убиена новинарка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.