Ако најдеме еден член или вработен што нема дадено список во понеделник лета од работа. Кажи и го тоа од мене, вели екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во бомбите што денеска се слушаа на судењето за „Титаник“.

Заканите за летање од работа се однесуваат на партиски активист, координатор од еден од месните комитети во Скопје, од кого се бара да достави список на гласачи кои ги дале другите членови на партијата и партиски вработените.

На денешното рочиште, како што објави Плусинфо, се слушнаа околу 70 бомби, по што судот даде пауза.

Судењето ќе продолжи во 14 часот со слушање на други разговори.