Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бомбите за уривањето на Космос ќе се слушаат во судница на 5.април

0
By Нова ТВ on March 16, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 16, 2018 14:40

По половина час убедување меѓу Груевски и неговите адвокати од една и судијата Огнен Ставрев од друга страна, се одлучи следното рочиште за случајот „ТНТ“ за уривањето на Космос на Фијат Цаноски, кога треба да се слушаат т.н бомби, да биде на 5.април, јавува репортерот на НОВА, Бранислав Закев.

Образложението на одбраната беше дека се подготвувале за изведување на други докази, а не за слушање на бомбите.

Најгласен во судницата беше Груевски кој прво реагираше на тоа што судијата најави дека ќе се работи цел ден, а потоа и затоа што ќе се слушаат прислушуваните разговори, вкупно 26, меѓу кои, според бројката има и досега необјавени аудио-снимки.

Во врска со траењето на рочиштето, Груевски пред судијата Ставрев наведе дека по втор пат се правело ваков преседан и дека нему не му е проблем да работи до доцна, бидејќи тоа го правел кога ја водел Владата, но во конкретниот случај рече дека чувствува оти Судот е под притисок и затоа постапува така.

Во однос на бомбите, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ  истакна дека не е фер тоа што Судот го менувал редоследот на изведување на доказите.

„Аудио-снимките во листата на докази од 27 страници, се на 25 страна. Ако сте планирале тие да се изведуваат сега, требало да бидат на 2 или 3 страна. Ова не е фер“, рече поранешниот премиер.

На ова се надоврза еден од неговите адвокати Димитар Дангов, кој во име на сегашната добра соработка, го молеше судијата да го одложи слушањето на бомбите.

Адвокатот Стерјо Зиков рече дека, да знаеле дека ќе се слушаат бомбите, ќе викнеле технички советник, а обвинетиот поранешен градоначалник на Гази Баба, рече оти ќе го повлече полномоштвото за неговиот адвокат Боро Тасевски, затоа што не е спремен за денешното рочиште.

Судијата на барањата одговори дека им дал цел месец да се појават на подготовки околу рочиштето и организирал два пати судница за да извршат увид во бомбите, но адвокатите воопшто не се појавиле.

На крајот, судијата сепак одлучи да го одложи денешното рочиште, а за утврдување на датумот за следното, беа потребни уште 10, 15 минути за да се утврди термин поради зафатеноста на адвокатите и обвинетите со други судења.

На прашање на Ставрев кога имаат други судења, Груевски рече дека поточно е ако го праша кога немал.

На крај, се договорија рочиштето да продолжи на 5.април.

Космос Никола Груевски Огнен Ставрев ТНТ Фијат Цаноски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.