Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борбата за власт продолжува, осомничените ќе се кандидираат за избори

1
By Нова ТВ on October 31, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Истраги за висока корупција и организиран криминал насочени кон лидери на политички партии и лица од највисокото раководство во многу држави би можеле да значат и политички крај за кариерите на овие политичари. Во Македонија таквите, пак, се подготуваат за избори, а големи се шансите истите да бидат и носители на листи. Што зборува ова за политичкиот амбиент во којшто живееме и дали гласачите треба да веруваат во ветувањата на лица чиј кредибилитет е под сериозен знак прашалник, а судските завршници не се ниту на повидоко имајќи во предвид дека овие процеси во Македонија можат да траат со години. 

Пишува: Анеса Алити

Во Македонија не барајте политички морал, ова може да се сумарумот од коментарите на политичките експерти кои ги контактиравме еден ден откако лидерот на владејачката партија, Никола Груевски, потврди дека ќе биде носител на листа на предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември.  Се очекува и лидерот на неговиот коалиционен партнер од ДУИ, Али Ахмети, деновиве да потврди дека и тој ќе води партиска листа во шестата изборна единица.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е осомничен од СЈО во неколку предмети кои што ги истражува; додека лидерот на ДУИ, освен што се спомнува во неколку прислушувани разговори од кои според СЈО само 12 % се објавени, тој е еден од главните осомничени во скандалот со Маѓар-Телеком.

Од законска гледна точка, не постојат пречки за нивните кандидатури бидејќи согласно Изборниот законик, кандидати за пратеници не можат да бидат единствено лица кои биле осудени на затворска казна подолга од шест месеци.

Со образложението дека секој е невин додека на суд не се докаже спротивното, членството на партиите воопшто и не дискутира за моралната одговорност на нивните лидери. Но, во демократиите морално-етичкиот кодекс е и тоа како важен кога некој од граѓаните бара уште власт. Ако на тоа се додаде и масовната недоверба којашто граѓаните ја имаат во судството согласно многу истражувања направени од домашни и меѓунардони организации, тогаш моралот дефинитивно е тема тоа кој сака да биде биран на избори.

„Забележувам дека неколку медиуми се однесуваат како ништо да не се случило и говорат за тоа кој против кого ќе се натпреварува и кој со кого ќе има предизборен дијалог. Но според мене, не е морално и етички на кандидатската листа да бидат поединци против кого СЈО покренало било каква постапка,“ вели универзитетската професорка, Мирјана Малевска.

Малевска вели дека ова однесување е карактеристично и за двата политички блока, и албанскиот и македонскиот. Професорот Мерсељ Биљали вели дека ситуацијата е екстремно апсурдна и дека тој не може да разбере како Ахмети ќе ја бара довербата од граѓаните Албанци.

„По егзодусот на албанската младина кој што не се случил ниту во времето на Кралството на СХС, да сметаш дека се уште треба да ги претставуваш Албанците, тоа не е веќе морален пробле, ниту изборен, па дури не и во тесните интереси на групите, туку сериозен медицински проблем“, изјави универзитетскиот професор, Мерсел Биљли, алудирајќи на лидерот на ДУИ.

„Да го помагаш организираниот криминал на Груевски од астрономски размери, собирајќи трошки е голем, многу голем шовечки и национален товар. Да ја помагаш руската опција на штета на американските пријатели, повторно претставува голем товар колку на еден камен на воденица на грб. Значи проблемот со Груевски е познат. Тој и кога целата држава крадеше, остана „чист““, додаде Биљали.

Излез кон безизлез

Познавачите на случувањата велат дека можната кандидатура на лидерите на партиите на власт и нивниот можен избор нема да придонесе во извлекувањето на земјата од криза, туку единствено за извлекување на самите лидери од незавидната состојба во која се наоѓаат (состојба која ја создава СЈО врз основа на прислушуваните разговори објавени во 2015).

„Не може лица кои ја создале кризата, истата и да ја решат и во иднина да им се даде мандат. Тоа е навистина апсурдно! “, нагласи Малеска.  Според Малеска, граѓаните може да го подигнат гласот низ протести за да го изразат нивниот отпор. Но од кризата земјата може да ја извлече само едно правично решение за криминалот и корупцијата. Сепак според неја, тешко може да се очекува таква одлука, бидејќи прислушуваните разговори открија како токму судските тела вршеле масовни прекршувања на човековите права.

Ниту политичкиот аналитичар, Алајдин Демири не смета дека кандидатурата на двајцата лидери на партиите на власт е морално. Но според него, во политиката нема морал.

„Пратениците имаат имунитет. Пратеник не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде приведен за изразено мислење или за гласање во Собрание. Пратениците не може да бидат приведувани без одобрение не Собранието, освен доколку бидат фатени при извршување на кривично дело за кое е предвидено затворска казна од најмалку пет години “, согласно Членот 64 на Уставот на Република Македонија.

Од Дуи навредени што воопшто сме прашале, во ВМРО ДПМНЕ не гледаат проблем

„На прашањето дали е морално лидерот на ДУИ, Али Ахмети, да биде носител на изборна листа и покрај тоа што се споменува во тн. бомби, а е повикан и како сведок во СЈО, портпаролот на ДУИ, Бујар Османи  одговори:

„Ова е толку ниско прашање, неосновано и тенденциозно, што не го заслужува нашето внимание“.

Никола Поповски од ВМРО-ДПМНЕ, на емисијата „360 степени“, не ја отфрли кандидатурата на партискиот лидер и додаде дека кандидатурата е морална, се додека нема судска пресуда со која ќе се потврди неговата вина.

„Мислам дека односот може да биде еден и единствен, за тоа одлучува народот на избори. Не би сакал да влезам во било какви шпекулации за било која постапка бидејќи основен предуслов за да имаме правна држава е презумцијата за невиност. Се додека не се докаже вина, секој е невин….додека одлуката во однос на политиката ја носат граѓаните“, изјави Поповски.

 

Али Ахмети Никола Груевски одговорност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.