Владите на Европската унија подготвуваат нова рунда забрани за патување и замрзнување на имотот на околу 100 Руси поради инвазијата на Москва на Украина, а одлуката би можела да биде донесена уште попладнево.
„Земјите-членки работат на пакет санкции, за околу 100 луѓе одговорни на различни нивоа на власта во Русија“, рече Борел пред Европскиот парламент во Стразбур. Тој рече дека се надева на договор „до крајот на оваа седница денеска“, без да даде повеќе детали.
(Извор: Ројтерс)