Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борел и Јоурова: Новинарите се клучот во борбата против дезинформациите и говорот на омраза

0
By Blerina Tahiri on November 2, 2023 ВЕСТИ
Фото: uarmprotection.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 2, 2023 11:03

Во овие тешки времиња, проследени со војни, конфликти и терористички акти, потсетуваме и ја нагласуваме суштинската улога на новинарите и медиумските работници во борбата за вистината и за човековите права, наведуваат високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и потпретседателката на Европската комисија за Вера Јоурова во заедничката изјава по повод Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста на злосторствата врз новинарите – 2 ноември и 75-годишнината од усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права.

– Новинарите придонесуваат за спротивставување на дезинформациите и говорот на омраза и за контролата на работата на владите и јавните институции. Тие ги расветлуваат воените злосторства и кршењето на човековите права, понекогаш изложувајќи го на ризик и сопствениот живот, се наведува во изјавата.

Борел и Јоурова жестоко ги осудуваат убиствата, физичките напади, произволните притворања, онлајн и офлајн заплашувањето, вознемирувањето и следењето со кои понекогаш се соочуваат новинарите додека ја вршат својата професија.

Според нив, медиумите ширум светот и натаму се предмет на упади или затворања, а новинарите се повеќе се мета на законодавства кои ја ограничуваат слободата на изразување и се изложени на судски спорови, со што се ограничува плурализмот и уредувачката независност и се крши слободата на изразување.

– Не може да има неказнивост за кршење на човековите права и злоупотребите врз новинарите. Повикуваме да се воспостават национални рамки за безбедноста на новинарите, кои вклучуваат елементи за подигнување на свеста, превенција, заштита и кривично гонење, со внимание да се вклучат конкретни мерки за новинарките и припадниците на малцинските групи, се додава во изјавата.

Борел и Јоурова нагласуваат дека ЕУ останува посветена на поддршката на независните новинари и медиумски работници насекаде во светот.

Ќе продолжиме да ги мобилизираме сите дипломатски средства што ни стојат на располагање за да го привлечеме вниманието на поединечни случаи на новинари во притвор или во ризични услови. Исто така, ја основавме ПротектДефендер.еу за да им обезбедиме физичка и дигитална заштита, правна поддршка и згрижување на новинарите, се нагласува во изјавата.

Претставници на ЕК нагласуваат и дека ЕУ е единствена во ставот за поддршка системот за заштита на човековите права на Обединетите нации, вклучувајќи ги и активностите на Канцеларијата на високиот комесар на ОН за човекови права (ОХЦХР) и на Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО) за промоција на безбедноста на новинарите и за изнаоѓање заеднички решенија.

– Во рамките на програмата Глобална Европа за човекови права и демократија, ЕУ обезбедува 185 милиони евра за поддршка на независните медиуми, користејќи ја дигитализацијата ширум светот. Заштитата на новинарите значи заштита на сопствените права. Демократијата не може да функционира без слободни и независни медиуми. Затоа и ЕУ презема чекори без преседан за да ги заштити новинарите, нагласуваат Борел и Јоурова, повикувајќи ги земјите членки на ЕУ да ја спроведат Препораката на Европската комисија за безбедност на новинарите.

Тие нагласуваат и дека целта на Предлог-законот за слобода на медиумите е да ги заштити медиумската независност и плурализам, како и дека Еврокомисијата презема мерки против тужбите кои имаат за цел да се врши притисок врз новинарите и да се замолчат.

– Овие законски предлози треба да бидат усвоени брзо за да се подобри амбиентот во кој работат новинарите и медиумите и да се постават глобални стандарди. Европската унија стои зад новинарите ширум светот кои секој ден ја користат својата слобода на изразување за доброто на сите нас, додаваат Борел и Јоурова во заедничката изјава по повод Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста на злосторствата врз новинарите – 2 ноември и 75-годишнината од усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права.

ЕУ неказнивост новинари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 20, 2026

Обвинителството чека клучни докази од МВР за наводното шпионирање во кабинетот на Давкова

ВЕСТИ May 20, 2026

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веќе подолг период нема повратна…

Пекинг: По Трамп и Путин на два дена кај СИ

May 20, 2026

Филипче: Доста е со лагите и лицемерието – во владата врие од бугарски пасоши

May 19, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

May 18, 2026
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.