НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борел: Русија мора да престане да ја користи храната како оружје

0
By Ана Василевска on August 4, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Жозеп Борел
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од Жозеп Борел Фонтелес, висок претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија:

На 17 јули, речиси една година откако беше потпишана во Истанбул, Русија одлучи да не ја обнови Црноморската иницијатива за жито (BSGI) која ѝ дозволува на Украина да извезува земјоделски стоки на глобалните пазари. Како што истакна генералниот секретар на ОН, оваа иницијатива е „светилник на надеж во свет на којшто надежта очајно му е потребна“.

Пред руската агресивна војна против Украина, клучен глобален снабдувач со храна, една петтина од светскиот јачмен доаѓаше од Украина, како и една шестина од пченката и една осмина од пченицата. Откако Русија изврши инвазија на Украина, напаѓајќи полиња со жито и силоси и блокирајќи ги украинските пристаништа, глобалните цени на храната се искачија на рекордно ниво и го загрозија многу потребното снабдување со храна за многу земји увозници. BSGI имаше за цел повторно да воспостави витална рута за извоз на земјоделски производи од Украина и да ги намали глобалните цени на храната.

И покрај многуте предизвици, ја постигна својата клучна цел. Од август 2022 година, извозот на речиси 33 милиони тони жито и храна од Украина во 45 различни земји одигра клучна улога во намалувањето на глобалните цени на храната за околу 25 отсто од рекордната висина достигната набрзо по нападот од Русија. Како што покажуваат јавните трговски податоци, повеќе од половина од житото, вклучително и две третини од пченицата, отишле во земјите во развој.

Покрај тоа, BSGI обезбеди континуиран пристап до житото за Светската програма за храна (WFP). Во 2023 година, Украина испорача 80 отсто од пченицата што беше набавена за поддршка на хуманитарните операции во најнебезбедните земји како Авганистан, Џибути, Етиопија, Кенија, Сомалија, Судан и Јемен. Без Црноморската рута, WFP ќе мора да го набави житото од друго место по повисоки цени и со подолг рок на испорака во време кога светот се соочува со невидена криза со храна.

Одлуката на Русија беше донесена и покрај обновените предлози на генералниот секретар на ОН да се работи на решавање на проблемите. За да ја префрли вината, Русија тврди дека нејзиниот извоз на земјоделски производи не бил доволно олеснет. Ова не го потврдуваат јавно достапните трговски податоци, кои покажуваат дека земјоделскиот извоз на Русија напредува. Исто така, Русија имаше значајна корист и од Меморандумот за разбирање со ОН за извоз на ѓубрива, што беше постигнат со посредство паралелно со BSGI. ОН неуморно работеа на разјаснување на регулаторните рамки и соработуваа со приватниот сектор за да изнајдат наменски решенија во банкарскиот и осигурителниот сектор. Овие заложби се спроведуваа во тесна соработка со ЕУ и нејзините партнери.

Спротивно на лагите што ги шири Русија, ЕУ навистина се погрижи нашите санкции да немаат влијание врз глобалната безбедност на храната. Нема санкции за рускиот извоз на храна и ѓубрива во трети земји, а ЕУ обезбеди опсежни насоки за економските оператори, појаснувајќи дека овие трансфери во трети земји се дозволени. Исто така, работевме со ОН за да овозможиме плаќања поврзани со извозот на жито.

И покрај овие добро познати и проверливи факти, Русија одлучи да се повлече од BSGI, користејќи ја храната како оружје и загрозувајќи го глобалното снабдување со храна. Неколку часа по повлекувањето од иницијативата, Русија, исто така, почна да ги уништува украинските складишта за жито и пристанишната инфраструктура со секојдневни целни напади и тоа не само во Црното Море, туку и во Дунав. Како непосредна реакција, големопродажните цени на пченицата и пченката забележаа најголем пораст од почетокот на руската агресивна војна. Зголемената нестабилност на цените на храната веројатно ќе опстојува сè додека Русија го става глобалното снабдување со храна под намерен стрес, влошувајќи ја глобалната криза предизвикана од трошоците за живот и отежнувајќи им на луѓето кои се соочуваат со несигурност во снабдувањето со храна во земјите зависни од увоз. Ова е недопустливо и треба одлучно да се осуди.

Додека светот се справува со прекини во снабдувањето и со повисоки цени, Русија сега им се приближува на ранливите земји, особено во Африка, со билатерални понуди за ограничени испораки на жито, преправајќи се дека решава проблем што самата го создала. Ова е цинична политика на намерно користење на храната како оружје.

Како одговор на неодговорните постапки на Русија, ЕУ е активна во три главни насоки. Прво, ќе продолжиме да ги поддржуваме неуморните напори на Обединетите нации и Турција за продолжување на Црноморската иницијатива за жито. Второ, продолжуваме да ги зајакнуваме нашите „Патеки за солидарност“ како алтернативни рути за украинскиот земјоделски извоз да стигне до глобалните пазари преку ЕУ. Овие патеки досега овозможија извоз на повеќе од 41 милион тони земјоделска стока од Украина, а ние го зголемуваме ова колку што е можно повеќе за да ги ублажиме последиците од раскинувањето на BSGI од страна на Русија. Трето, ја зголемивме нашата финансиска поддршка за земјите и луѓето на кои им е најпотребна, обезбедувајќи 18 милијарди евра за решавање на безбедноста на храната до 2024 година.

Ја повикуваме меѓународната заедница и сите земји да ја засилат сопствената помош за поддршка на глобалната безбедност на храната. Бараме од сите наши партнери да ја повикаат Русија да се врати на преговорите како што тоа веќе го стори Африканската Унија, како и да се воздржи од целните напади на земјоделската инфраструктура на Украина. Со јасен и обединет глас, можеме да постигнеме Русија да го продолжи своето учество во BSGI. Светот има заеднички интерес за одговорно управување со глобалната безбедност на храната. Тоа им го должиме на луѓето на коишто им е најпотребна.

Војна во Украина ЕУ Жозеп Борел
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.