Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борел: Ситуацијата во Авганистан е катастрофа за довербата во Западот

0
By Biljana on August 19, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тоа што се случува во Авганистан е катастрофа за авганистанскиот народ, за европските вредности, довербата во Западот и за развојот на меѓународните односи, рече шефот на европската дипломатија, Борел.

Пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, шефот на европската дипломатија Joсeп Борел откри дека западните разузнавачки служби не веруваа дека е можен толку брз колапс на режимот во Кабул, наведувајќи дека „ниту талибанците не веруваа во тоа“.

„Западот во Авганистан веќе 20 години водеше битка против исламскиот тероризам од страна на Ал Каеда и талибанците, но, исто така, направи напори да изгради модерна држава од таа земја“, рече Борел.

Тој пред европратениците од комисијата кажа дека американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Американците и западните сојузници не отишле да „градат општествено уредување“, туку да го уништат тероризмот во Авганистан.

Борел нагласи дека Западот се обиде да изгради општество во таа земја во кое ќе се почитуваат законот, човековите права и слободи, особено на жените и малцинствата. Тој додаде дека е факт дека Западот постигна успех во борбата против светскиот тероризам, но тоа не го стори во вториот дел од својата мисија.

Борел кажа дека падот на авганистанската прозападна влада, и покрај огромната долгогодишна помош, е неверојатен, додавајќи дека Американците во Авганистан трошеле по 300 милиони долари дневно во изминатите 20 години.

„Сега, додека ЕУ и САД се консултираат, а се водат преговори за создавање авганистанска влада на национално единство, талибанците очигледно имаат за цел да воведат исламски калифат“, рече Борел.

Тој ги повтори проценките на ЕУ дека голем број авганистански бегалци ќе се преселат во Европа и рече дека Унијата мора да стори сé за да им обезбеди хуманитарна помош на оние што остануваат во Авганистан.

„ЕУ мора да започне преговори со оние што се на власт во Кабул“, рече Борел, нагласувајќи дека тоа не значи дека режимот на талибанците ќе биде меѓународно признат, но дека контактите со нив се неопходни за да се обезбеди хуманитарна помош и да се спречи ширењето на исламскиот тероризам и трговија со дрога.

Шефот на европската дипломатија посочи на фактот дека Кина, Русија, Иран, Пакистан и Индија сега ќе имаат поголемо влијание од Западот во Авганистан и Централна Азија, додавајќи дека таму се јавува најкомплексната, опасна геополитичка ситуација, која може да се спореди само со анексијата на Крим од страна на Русија.

Авганистан Авганистанци ЕУ Јосеп Борел
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.