Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борис Џонсон и Лиз Трас пристигнаа со одвоени авиони во Шкотска за аудиенција кај Кралицата

0
By Соња Крамарска on September 6, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 6, 2022 13:14

Британскиот премиер Борис Џонсон пристигна на имотот на кралицата Елизабета Втора во Шкотска за официјално да ја понуди својата оставка за да го отвори патот Лиз Трас да го наследи во услови на акутна криза на трошоците за живот со која се соочува земјата.

Џонсон конечно ќе ја напушти функцијата по внимателно подготвената кореографијата кај монархот во Балморал што се одржува два месеци откако тој ја објави својата намера да се повлече.

Трас, која беше именувана за лидер на владејачката Конзервативна партија вчера, ќе биде назначена за премиер за време на нејзината средба со Кралицата кратко време подоцна во текот на денов. И таа пристигна во Шкотска речиси истовремено со Џонсон, но долетаа секој со свој авион.

Говорејќи пред неговата канцеларија во Даунинг стрит утринава пред да замине за Шкотска, Џонсон рече дека неговиот тригодишен мандат ја оставил Британија со економска сила да им помогне на луѓето да ја надминат енергетската криза. Тој се изразуваше со неговиот типично колоритен јазик.

„Јас сум како една од оние ракети-засилувачи што ја исполни својата функција“, рече Џонсон. „Сега нежно повторно ќе влезам во атмосферата и невидливо ќе прскам надолу во некој оддалечен и нејасен агол на Пацификот“.

Џонсон (58) стана премиер пред три години, откако неговата претходничка Тереза Меј не успеа да го изведе британското напуштање од Европската унија. Џонсон подоцна освои мнозинство од 80 места во парламентот со ветување дека „ќе го заврши Брегзит“.

Но, тој беше принуден да ја напушти функцијата поради серија скандали кои кулминираа со оставка на десетици секретари на кабинетот и функционери од пониско ниво на почетокот на јули. Тој алудираше на тој пад во неговите напуштања, велејќи дека и ја предава палката на Трас во „она што неочекувано стана штафетна трка“.

Додека многу набљудувачи очекуваат Џонсон да се обиде да се врати во политиката, тој и понуди поддршка на Трас и се спореди со Синсинат, римскиот диктатор кој се откажа од власта и се врати на својата фарма за да живее во мир.

Џонсон формално ќе се повлече наскоро кога ќе се сретне со Кралицата Елизабет во Балморал, нејзиното летно одморалиште во Абердиншир.

Ова е првпат во 70-годишното владеење на Кралицата предавањето на власта да се одвива во Балморал, наместо во Бакингемската палата во Лондон. Церемонијата беше преместена во Шкотска бидејќи 96-годишната кралица има проблеми со движењето.

Трас (47) ќе ја преземе функцијата еден ден откако 172.000 членови на Конзервативната партија ја избраа да ја води нивната партија.

Денес попладне, таа се очекува да го одржи својот прв говор како лидер на нација од 67 милиони луѓе кои се загрижени поради зголемените сметки за енергија и претстојната зима на рецесија и работнички немири. Тие проблеми се зголемија уште повеќе во изминатите два месеци, бидејќи Џонсон немаше овластување да донесува големи политички одлуки откако го објави својот план да се повлече. (АП)

Балморал Борис Џонсон Лиз Трас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.