Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борисов: Бугарија го признава македонскиот јазик со Договорот за добрососедство

0
By Нова ТВ on April 28, 2020 ВЕСТИ
Фото: balkaninsight.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 28, 2020 09:48

Бугарија се држи до формулацијата од Договорот за пријателство и добрососедство меѓу двете земји, во однос на признавањето на македонскиот јазик кој е наведен како „официјален јазик на Република Северна Македонија, согласно нејзиниот Устав“, изјави во интервју за ТВ Сител, бугарскиот премиер Бојко Борисов. Тој притоа потстети дека Договорот овозможил да почне да се зборува за присоединување на земјава кон Европската Унија.

„Ние сме државата која прва почна со Договорот за добрососедство што овозможи воопшто и да се зборува за присоединување на нашите мили браќа и сестри кон ЕУ. И второ, направивме апсолутно сè, за да ги помогнеме, нешто од кое тргна процесот со Грција.

На прашањето дали ќе ја блокира земјава пред првата меѓувладина конференција пред почетокот на преговорите, Борисов одговори дека комисиите за историски и образовни прашања треба да се состанат и максимално брзо да најдат заемноприфатливи формулации за личностите и настаните кои ги поврзуваат двете земји, при што го даде примерот со Цар Самоил.

„Поддршката за Северна Македонија била отсекогаш и таа е искажана многу пати. Тоа што треба да го направиме сега е историските комисии и оние кои се занимаваат со историјата да си ги завршат спорните теми. Ние и на последниот Совет зборувавме за максимална поддршка на Северна Македонија и Албанија. Се е во рацете на Македонците“ рече Борисов, повторувајќи ја принципиелната поддршка на Бугарија за евроинтеграцијата на Северна Македонија.

Тој смета дека на Балканот има толку многу историја, за која, како што рече, „дури е повеќе“.

Бојко Борисов Бугарија Договор за добрососедство македонски јазик признавање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.