Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борисов издејствувал 120 милиони евра за автопатот Скопје – Софија

0
By Нова ТВ on January 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 26, 2018 14:13

Бугарскиот премиер Бојко Борисов во Давос изјави дека издејствувал 120 милиони евра од Европа за Македонија, за изградба на автопат од Скопје до Софија, објавија бугарските медиуми.

– Зборував со Меркел и со Јункер и тие ми ветија пари за Македонија и за нас, за да се изгради автопат од Скопје до Софија, што отсекогаш беше приоритет. Зоран Заев ме замоли да се заложам за тоа, што го потврдува фактот дека сум приемчив за сите соседи како лидери на Балканот. Успеав да ги убедам Меркел и Јункер дека тој автопат е од животно значење за Западен Балкан и за сигурноста во регионот и дека со тоа уште еднаш ќе им докажеме на сите дека Европа е едно семејство во кое сите се еднакви. Приоритетите на бугарското европско претседавање вистински се оценува од сите во Европа и тие ни помагаат да се развие Балканот, вели Борисов.

Тој меѓу другото порача и дека Европската Унија треба да ја исправи неправдата кон Западен Балкан, односно дека меѓународната заедница треба да го поддржи развојот на земјите од тој регион.

Потсетувајќи на војните, катастрофите и превирањата низ кои помина Европа, Борисов посочи дека последиците од судирите во дваесеттите години на Западниот Балкан и натаму се присутни.

-Постои неправда која Европа треба да ја исправи – Западен Балкан. Тие земји даваат сè од себе за да ги исполнат барањата кои им се поставени пред нив, а ние, како нивни соседи, партнери, земји на ЕУ, исто така би требало да направиме што е потребно за да се напредува во нивната интеграција, изјави Борисов.

Бугарскиот премиер повтори дека сега, кога балканските земји се подготвуваат за членство во НАТО и ЕУ, најдобро време е да се поддржи развојот на нивните сообраќајни, комуникациски, енергетски и еколошки инфраструктури, што ќе биде од најголема корист на цела Европа.

автопат Скопје Софија Бојко Борисов Давос ЕУ пари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.