Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бошковска Јанковски: Во регистарот на вистински сопственици се запишани приближно 70.150 различни физички лица

0
By НОВА ТВ on May 5, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 5, 2021 16:01

Во регистарот на вистински сопственици се запишани приближно 70150 различни физички лица. Од нив, 93,5 проценти се македонски државјани, 0,5 проценти се странци со регулиран престој, а останатите 6 проценти, односно околу 4300 лица се странци, информираше денеска директорката на Централниот регистар на Република Северна Македонија, Марија Бошковска Јанковски.

На денешната прес-конференција на која беше соопштена генералната слика од досега поднесените пријави во Регистарот на вистински сопственици, Бошковска Јанковски информираше дека странците доаѓаат од 88 држави, а најмногу вистински сопственици странци се запишани од Турција, Бугарија, Србија, Грција и Германија.

За приближно 59.000 субјекти е запишан еден единствен вистински сопственик, а најголем број  сопственици запишани за еден правен субјект е 34, а тоа е Стопанска интересна заедница за заштитни друштва во Северна Македонија. Најголем број субјекти каде што едно лице се јавува како вистински сопственик е 25, а околу 62.200 лица се јавуваат како вистински сопственици на само еден правен субјект.

Најголемиот дел, односно 69.025 лица се запишани како вистински сопственици преку индикаторот директна сопственост, 2.755 преку индикаторот индиректна сопственост и 11.799 лица преку индикаторот на друг начин остварува контрола или контролна функција.

– Вкупно 69.284 правни субјекти пријавиле вистински сопственик во законскиот рок, што претставува околу 90 проценти од вкупниот број субјекти што имаат обврска за влез. Најголемиот дел од оние кои не се регистрирани се субјекти кои подолг временски период немаат економска активност, ниту контакти, ниту сметка во банка, сподели Бошковска Јанковски.

Таа дополни дека се очекува овој процент и дополнително да се зголеми со оглед на тоа што правните субјекти што немаат пријавено вистински сопственик ќе се соочат со пречки во работењето во правниот и во финансискиот промет.

Од субјектите кои што поднеле пријава околу 47.600 се Друштва со ограничена одговорност со едно лице – ДООЕЛ, околу 9.600 се Друштва со ограничена одговорност – ДОО, 285 се акционерски друштва, околу 6.030 се здруженија на граѓани и 5.768 останати субјекти со други организациски облици.

Акционерските друштва што котираат на берза, трговците поединци, самостојните вршители на дејност, буџетските корисници, субјектите во државна сопственост, како и субјектите кои се во постапка на стечај и ликвидација, како што кажа, се изземени од обврската за упис во регистарот, бидејќи податоците за нивните вистински сопственици се законски дефинирани, а тие се околу 20.040 субјекти.

Бошковска Јанковски информираше дека од 28 април 2021 година сите податоци од регистарот се достапни до надлежните институции и за субјектите кои согласно законската регулатива преземаат мерки за спречување на перење пари и финансирање на тероризам. Исто така, информации со ограничено множество на лични податоци за вистинските сопственици согласно регулативата за заштита на личните податоци се достапни и за целата јавност.

Одговарајќи на новинарско прашање таа дополни дека секојдневно се вршат нови уписи на правни субјекти.

– Штом се извршува основање на некој правен субјект, во рок од 8 дена мора да го запише и вистинскиот сопственик на тој правен субјект кој што е новорегистриран. Доколку старите правни субјекти до 28 април не ја исполниле својата законска обврска, тие ќе бидат исклучени од правниот и од платниот промет, односно, не ќе можат да извршат никаква банкарска трансакција, ниту пак ќе можат да егзистираат во правниот промет, кажа Бошковска Јанковски.

Таа потсети на обврската тековно да се ажурираат податоците за регистарот на вистински сопственици на субјектите, не само поради предвидените глоби и контрола од страна на банките, сметководителите и други субјекти кои спроведуваат мерки и активности за спречување на перење пари и финансирање  тероризам, туку и поради тоа што смета дека преку оваа транспарентност ќе доведе до унапредување на условите за водење бизнис во нашата држава.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.