Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Босна им забрани на бранителите од 1992-1995 да патуваат во Србија

0
By Mirjana on September 15, 2021 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 15, 2021 09:07

Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина (БиХ) им препорача на сите граѓани, кои на  било кој начин биле вклучени во одбраната на БиХ во периодот од 1992 до крајот на 1995 година, да не патуваат во Република Србија. Оваа препорака , се наведува во соопштението, важи до ново, следно известување.

„Предупредувањето е издадено поради ризик од апсење и гонење во Република Србија под обвинение за воени злосторства a врз основа на претходни случаи на апсење на државјани на БиХ против кои не се водат постапки во БиХ, ниту пак се обвинети за воени злосторства од судските институции на Босна и Херцеговина“, се вели во соопштението.

Министерството за надворешни работи на БиХ наведува дека  институциите на Република Србија не покажувале волја за активна меѓународна соработка и размена на информации во оваа област.

Во неделата, на 12 септември, Един Врањ, поранешен шеф на секторот за криминалистичка полиција во Федералната полициска управа на БиХ и поранешен шеф на Одделот за организиран криминал во БиХ, беше уапсен на граничниот премин Увац помеѓу Србија и Босна и Херцеговина.

Високиот суд во Белград, донесе одлука за определување 30-дневен притвор за Врањ, осомничен за воени злосторства, поради опасност од бегство.

Обвинителството на БиХ претходно соопшти дека е известено за апсењето на Врањ од медиумите, и дека не добило никакво официјално известување или информација од надлежните органи на Србија.

Во соопштението се наведува дека Обвинителството на БиХ постапило врз основа на извештај поднесен од надлежните полициски органи кој се однесува на наводи за воени злосторства извршени врз српски жртви во зградата на ЗОИЛ во Горажде во 1993 и 1994 година.

Босна забрана патувања Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.