Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ботас по настапот во Австрија: Одличен викенд, пол-позиција и победа

0
By Нова ТВ on July 9, 2017 СПОРТ
Фото: formula1.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Валтери Ботас ја одбрани пол-позицијата во трката за ГН на Австрија. Финскиот пилот на Мерцедес тргна прв на автодромот „Ред Бул ринг“, стартната предност ја задржа во текот на сите 71 круг и на крај ја прослави втората победа во сезоната со време 1:21:48,523 часа. Второто место, со 0,658 секунди, го освои Себастијан Фетел, третото место го резервира Даниел Рикардо (+6,012 секунди).

„Го има, веројатно, најдобриот старт во кариерата. Го контролирав темпото, но како одминуваше трката, почнаа да ме забавуваат возачите што заостануваа цел круг. Имавме совршен викенд и најбрз болид денеска. Пол-позиција и победа. Многу ми е важнно што се доближив до водечкиот двоец во првенството“, беа импресиите на Ботас по успехот во Австрија.

Набрзо по гасењето на светлата за почеток на возбудувањата, Финецот оствари десетина секунди предност во однос на Фетел. Но, упорниот Германец не се предаде во ниту еден момент и трката за заврши со нешто повеќе од пола секунда заостанување. По неа и забелешки на сметка на победникот.

„Бев сигурен дека Ботас стартуваше прерано. Така барем ми изгледаше на мене. Меѓутоа не е мое да судам. Не сакам ништо да му одземам на Валтери кој извозе одлична трка“, рече Фетел за чии сомневања беше поведена истрага и утврдено дека стартот на Ботас бил регуларен.

Луис Хамилтон остана без подиум во Австрија. Британецот го освои четвртото место и за зголемување на минусот на 20 бода во генералниот пласман во однос на Фетел. Бодови од деветтата трка впишаа уште Кими Раиконен, Роман Грожан, Серхио Перез, Естебан Окон, Фелипе Маса и Ленс Строл. Настапот на „Ред Бул ринг“ уште во првиот свиок го завршија Фернандо Алонсо и Макс Ферстапен по судирот на Данил Квјат со болидот на Шпанецот.

Карванот во Формула 1 шампионатот се сели во Силверстон каде наредниот викенд ќе се вози трката за ГН на Велика Британија.

Резултати од трката за ГН на Австрија

Валтери Ботас (Финска/Мерцедес) 1:21:48,523 часа

Себастијан Фетел (Германија/Ферари) +0,658 секунди

Даниел Рикардо (Австралија/Ред Бул) +6,012 секунди

Луис Хамилтон (В. Британија/Мерцедес) +7,430 секунди

Кими Раиконен (Финска/Ферари) +20,370 секунди

Роман Грожан (Франција/Хас) +73,160 секунди

Серхио Перез (Мексико/Форс Индија) +1 круг

Естебан Окон (Франција/Форс Индија) +1 круг

Фелипе Маса (Бразил/Вилијамс Мерцедес) +1 круг

Ленс Строл (Канада/Вилијамс Мерцедес) +1 круг, итн.

Генерален пласман кај возачи

Себастијан Фетел (Финска/Мерцедес) 171 бод

Луис Хамилтон (В. Британија/Мерцедес) 151

Валтери Ботас (Финска/Мерцедес) 136

Даниел Рикардо (Австралија/Ред Бул) 107

Кими Раиконен (Финска/Ферари) 83

Серхио Перез (Мексико/Форс Индија) 50

Макс Ферстапен (Холандија/Ред Бул) 45

Естебан Окон (Франција/Форс Индија) 39

Карлос Сајнц Јуниор (Шпанија/Торо Росо) 29

Фелипе Маса (Бразил/Вилијамс Мерцедес) 22, итн.

Генерален пласман кај конструктори

Мерцедес 287 бода

Ферари 254

Ред Бул 152

Форс Индија 89

Вилијамс Мерцедес 40

Торо Росо 33

Хас Ферари 29

Рено 18

Заубер Ферари 5

Мекларен Хонда 2

Валтери Ботас ГН на Австрија Мерцедес Формула 1
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.