Поранешниот француски еврокомесар, Мишел Барние ќе го води преговарачкиот тим на Европската унија во процесот Брегзит, соопшти претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер.
– Многу сум задоволен што мојот пријател Мишел Барние ја прифати оваа важна и тешка задача. Сакав тоа да го извршува еден искусен политичар. Сигурен сум дека тој ќе биде на висина на задачата и ќе ни помогне да изградиме ново партнерство со Обединетото Кралство откако ќе ја напушти Унијата, порача Јункер.
Барние беше министер за надворешни работи и за земјоделство на Франција. Тој беше еврокомесар од 2010 до 2014 година, одговорен за прашања поврзани со внатрешниот пазар и финансиските услуги.
На оваа позиција, францускиот политички ветеран започнува со работа на 1.октомври.