Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брестовац: Млади сме за нервоза од судиски грешки

0
By Нова ТВ on November 24, 2018 СПОРТ
Фото: ehfcl.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Металург со пораз ги заврши домашните настапи во Лигата на шампиони за оваа сезона. Ракометарите од Автокоманда загубија во СЦ „Борис Трајковски“ со 29:33 (полувреме 12:15) од Силкеборг и со само една победа во групата Ц ќе патуваат во Прешов кај тимот на Татран во последното коло. Воведните 0:4 на данскиот состав, се чини, го решија победникот. Се потоа беше рутински одработено од играчите на Петер Бредсдорф Ларсен додека тимот на Данило Брестовац, и покрај желбата, немаше сили за сензација. Згора на тоа играше и без капитенот Мартин Велковски, а присутна беше и нервоза на теренот како последица на судиски одлуки што, според тренерот на металурзи, не треба да биде дел од млад тим каков има на располагање.

„Треба да работиме и на тој момент. Недозволиво е млади играчи да покажуваат нервоза за судиски одлуки. Нивно е да се борат, за работата на арбитрите има компетентни лица. Тој момент ми пречеше против Силкеборг кој заслужено ги освои бодовите во Скопје. И покрај поразот, верувам дека сме на добар пат. Аплаузите што ги добивме се поважни од резултатот“, рече Данило Брестовац по мечот.

Денешниот пораз е осми за Металург во годинашното издание на Лигата на шампиони на ЕХФ. Вториот македонски претставник во европската клупска елита кој оваа сезона игра со драстично подмален состав е убедливо последен на табелата во групата Ц во која досега го совлада само Чеховски Медведи на домашен терен.

Дури четворица ракометари во СЦ „Борис Трајковски“ го поделија епитетот најефикасен на натпреварот – по двајца во обете екипи. Лидери кај Металург беа Александар Шпенде и Гонсало Рибеиро, кај Силкеборг – Јакоб Арент Ласен и Јохан Плог Хансен.

Данило Брестовац Лига на шампиони Металург ракомет Силкеборг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.