Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брестовац по преземање на ракометарите: Некои ми сугерираа дека не е време, но јас мислам дека е

0
By Нова ТВ on March 3, 2019 СПОРТ
Фото: macedoniahandball.com.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Данило Брестовац и офифијално е промовиран за нов селектор на машка ракометна репрезентација на Македонија. На кормилото на националниот тим доаѓа на место на Раул Гонзалез и до јуни ќе биде на уште две работни места – предводник на кадетската селекција и на екипата на Металург. Вели дека е подготвен за новиот предизвик за кој смета дека доаѓа во вистинско време.

„Благодарност до претседателот и до комисијата што одговори позитивно на мојата кандидатура. Искуството од минатото ми дава за право да се надевам за остварување на мојот сон. Подолго време имам соработка со Ракометната федерација на Македонија и мислам дека е нормално да прифатам ваков предизвик. Дел од моите блиски луѓе ми сугерираа дека не е време, но јас мислам дека не е рано. Со некои од момците сум играл, некои сум ги тренирал, па полесно ќе направам фузија на играчите во заминување и оние кои надоаѓаат доаѓање“, вели Брестовац и најави дека за краток период ќе бидат познати и неговите соработници во стручниот штаб.

Тој е прв домашен избор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) по тројцата странци на кои им беа доверени „црвено-жолтите“ во изминатиот период – Ивица Обрван, Лино Червар и Раул Гонзалез. Неговата кандидатура беше прифатена од тричлената комисија и предложена до членовите на Управниот одбор (УО) и покрај ангажманот во Металург, но и покрај заложбата на претседателот Живко Мукаетов за селектор кој ќе биде фокусиран само на репрезентацијата.

„Првичниот договор е до 30 јуни во 2022 година. Покрај работа со сениорската репрезентација, ќе биде координатор и на останатите национални селекции. Имав визија за професионален селектор што ќе стапи на сила по 30 мај бидејќи не сакаме да доведеме до нарушување на клупските односи на Данило со Металург. До 30 мај ќе работи и во клубот, а од 1 јуни ќе биде посветен само на репрезентативни обврски. Ќе остане на чело и на кадетската репрезентација која во август ја очекува настан на Светското првенство во Македонија. Во сите предизвици ќе има максимална поддршка од нас како Федерација“, истакна првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов.

Дебито на Брестовац на клупата на македонската репрезентација ќе биде на 10 април во Рејкјавик против Исланд во квалификациите за ЕП 2020. Четири дена подоцна ќе следува и реванш со Исланѓаните во Скопје.

Данило Брестовац Промоција ракомет РФМ селектор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.