Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брисел и Лондон постигнаа договор за идните меѓусебни односи

0
By Нова ТВ on November 22, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Преговарачките тимови на Брисел и Лондон постигнаа договор за Предлог-политичката декларација за идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија по Брегзит, соопшти денеска претседатлот на Европскиот совет, Доналд Туск.

– Штотуку на ЕУ 27 им ја испратив Предлог-политичката декларација за идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија. Претседателот на Европската комисија ме информира дека Декларацијата е договорена од страна на преговарачите и принципиелно на политичко ниво треба да ја одобрат лидерите (на ЕУ), нагласи Туск.

Претходно, официјален претставник на Унијата најави дека постигнатиот Предлог-документ ќе го разгледаат амбасадорите на 27-те земји членки на ЕУ на нивната денешна средба во Брисел.

Тој наведе дека меѓу двете страни се уште има разлики во врска со Гибралтар, но изрази надеж дека сепак документот ќе биде финализиран на време, за да биде разгледан на Самиот на ЕУ в недела, кој првенствено ќе биде посветен на Предлог-договорот за Брегзит постигнат минатата среда. Договорот за Брегзит веќе го одобри британската Влада, а сега останува тој да биде поддржан уште од Парламентот во Лондон и од земјите членки на ЕУ.

Во Предлог-политичката декларација за идните односи, која ќе биде анекс на Договорот за Брегзит, се наведува дека Европската унија и Велика Британија сакаат да го задржат безвизниот режим по Брегзит, додека за подолготраен престој се предвидува воведување на дополнителни процедури за регулирање на статусот на овие лица.

Во Декларацијата, која е на 31 страна, се нагласува и намерата на двете страни за проодлжување на блиската соработка во разузнавачкито сектор, борбата против кибер заканите и истражувањето на криминалните активности.

Со документот се регулира и начинот за надминување на можнити спорови во билатералните односи, продолжувањето на преодниот рок по Брегзит и обврските на Велика Британија кон Буџетот на ЕУ.

брегзит Британија ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.