Рано утринава спроти Скопски саем е најден повреден странски државјанин Британец, за кого се претпоставува дека скокнал од соба на скопски хотел, објавува 24 вести.
Повредениот гостин го пронашле вработените како лежи пред влезот на хотелот, на плочникот.
Итна помош била повикана веднаш, но Британецот починал на пат кон Ургентниот центар, а неговото тело е предадено на обдукција.
Се претпоставува дека британскиот државјанин извршил самоубиство, но полицискиот увид и резултатите од обдукцијата треба да откријат што се случило.