Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Британската министерка за Европа и Америка во дводневна посета на Македонија

0
By Sashko on October 13, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: civil.ge
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за Европа и Америка на Обединетото Кралство, Венди Мортон, од денеска е во дводневна посета на Република Северна Македонија и ќе присуствува на првиот состанок на Советот во рамки на Договорот за партнерство, трговија и соработка (ДПТС) во Министерството за надворешни работи за зајакнување на трговските врски меѓу двете земји.

Како што соопштија од Британската амбасада, Обединетото Кралство и Северна Македонија го потпишаа Договорот за партнерство, трговија и соработка во декември во 2020 година со цел да ја зајакнат можноста за трговска соработка откако Обединетото Кралство ја напушти ЕУ.

Задоволство ми е што сум тука во Северна Македонија на првиот состанок на Советот во рамките на Договорот за партнерство, трговија и соработка. Овој договор претставува рамка за поблизок политички дијалог и засилено трговско партнерство. Исто така, го поддржува унапредувањето на соработката во полето на животната средина, образованието, човековите права и претставува можност за зајакнување на нашите безбедносни и културни врски, стои во изјавата од министерката Мортон спроти посетата на Скопје.

Во рамките на посетата, британската министерка ќе се сретне со министерот за надворешни работи Бујар Османи, вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, министерот за животна средина Насер Нуредини. Таа ќе го посети и проектот на Британскиот совет „Училишта за 21-от век“ и ќе се сретне со граѓански организации кои работат на заштита на животната средина, на промоција на човековите права, на родова еднаквост, на вклучување на лицата со попреченост и со медиумски организации.

Тема на разговор на нејзините средби ќе бидат и климатските промени во пресрет на Конференцијата за климатски промени (COP26) која ќе се одржи во Глазгов и клучните реформски процеси со акцент на владеењето на правото, доброто владеење, човековите права, медиумите, образованието, родовата еднаквост и вклучувањето на лицата со попреченост.

Ова е втора посета на Скопје на британската министерка за Европа и Америка на Северна Македонија, по нејзиното учество на состанокот на Министрите за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес во 2020 година. 

В. Британија Венди Мортон Македонија посета
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.