Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Британскиот министер за здравство: Ќе мора да научиме да живееме со ковид-19

0
By Sashko on January 20, 2022 СВЕТ
Фото: aa.com.tr
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Велика Британија мора да научи да живее со ковид-19, бидејќи болеста може да остане меѓу нас засекогаш, изјави денеска британскиот министер за здравство Саџид Џавид, во момент кога земјата се подготвува да ги укине повеќето ограничувачки мерки.

Мораме да научиме да живееме со него. За жал, луѓето умираат и од грип: во тешка година со грип, за жал може да изгубите околу 20.000 животи, но затоа не ја затвораме целата земја, изјави Џавид за „Скај Њуз“.

„Ковидот нема да замине. Ќе биде меѓу нас многу, многу години, можеби засекогаш и мора да научиме да живееме со него. Мислам дека сме лидери во Европа во транзицијата од пандемична во ендемична и водиме во покажувањето кон светот како може да се живее со ковид-19“, додаде министерот.

Британскиот премиер Борис Џонсон вчера најави дека следната недела ќе ги укине повеќето рестриктивни мерки воведени за контрола на омикрон сојот на коронавирусот во Англија, како и дека во март планира да ја укине изолацијата за луѓето кои биле позитивни на вирусот.

Од 27 јануари носењето маска веќе нема да биде задолжително, нема да биде официјално препорачливо да се работи од дома, а ковид потврдите веќе нема да се бараат за влез во ноќни клубови и одредени поголеми собири, изјави конзервативниот лидер во парламентот.

„Со оглед на фактот дека ковидот станува ендемична болест, ние треба да ги замениме законските обврски со упатства и препораки“, истакна Џонсон.

Велика Британија Ковид-19 министер Саџид Џавид Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.