Британскиот Парламент ја одложи расправата закажана за следната недела за клучниот закон и излез на Велика Британија од ЕУ, соопшти претседателката на Долниот дом на Парламентот Андреа Лидсом.
-Нема ништо чудно, ниту причина за страв поради оваа мала пауза, рече кратко Лисдом пред пратениците, јави Ројтерс.
Би би си вчера објави дека е можно владата на Британија да го одложи ставањето на овој закон пред Парламентот, поради политички раздор.