Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Британскиот Парламент кажа „да“ за избори во јуни

0
By Нова ТВ on April 19, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Британскиот Парламент денеска со големо мнозинство го поддржаа предлогот на премиерката Тереза Меј да се распишат вонредни избори за 8 јуни. Вонредните избори ги поддржаа 522 пратеници, додека 13 беа против, пренесуваат британските медиуми.

Меј во Парламентот го бранеше предлогот со тоа дека ќе се зајакне позицијата на владата во преговорите за излегувањето на земјата од Европската унија.

-Брегзит не е само писмото во кое се вели дека сакаме да си заминеме… тука станува збор за тоа да се добие вистинскиот договор од Европа, рече Меј.

Нејзината одлука дојде како изненадување бидејќи за неа консултирани биле само министерот за напуштање на ЕУ Давид Дејвис и министерот за финансии Филип Хамонд. Останатите одлуката за избори ја дознале само неколку минути пред Меј да им ја соопшти на медиумите.

Според последните анкети Конзервативната партија има подршка од 44 проценти, што претставува уверлива предност пред опозициските Лабуристи со 23 отсто поддршка. Медиумите оценуваат дека ваквиот рејтинг бил единствениот мотив на Меј за предвремените избори и убеденоста во нејзината  партија дека на изборите ќе ги прегазат лабуристите.

Редовните британски избори треба да се одржат во 2020 година, една година по планираното завршување на двегодишните преговори за Брегзит.

брегзит Британија избори Меј парламент
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.