Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Британците демантираат: Смешно е дека сме го прислушувале Трамп

0
By Нова ТВ on March 17, 2017 СВЕТ
Шон Спејсер, прес секретар во Белата куќа
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Британската разузнавачка агенција за комуникации GCHQ негира дека го прислушувала Доналд Трамп за време на американската изборна кампања.

Овој невообичаен чекор на британската владина агенција за комуникации уследи откако прес секретарот на Белата куќа Шон Спајсер на почетокот на неделава ова го изјави за американската ТВ мрежа Фокс њуз.

Во изјавата Агенцијата истакнува дека обвинувањата се “бесмислени, крајно смешни и треба да бидат игнорирани“.

Американскиот претседател тврди дека Кулата Трамп во Њујорк била прислушувана, но не понуди ниту еден доказ за тоа.

Сенатската комисија во вторникот заклучи дека „нема индикации“ дека Кулата Трамп била прислушувана од страна на американската администрација пред или по изборите.

Обвинувањата дека британската агенција прислушувала прв ги кажа поранешниот судија Ендрју Наполитано.  Потоа Спајсер го цитираше Наполитано изјавувајќи: „три разузнавачки извори го информирале Фокс њуз дека претседателот Обама излегол од ланецот на команда.

-Тој не ја користел ниту Националната агенција, ниту ЦИА, ниту ФБИ, ниту Министерството за правда. Тој ја користел Британската агенција“.

Портпаролот на GCHQ изјави: „Неодамнешните обвинувања од страна на коментаторот во медиумите Ендрју Наполитано во врска со тоа дека било побарано од Агенцијата да го прислушува претседателот се безмислени“.

-Тие се крајно смешни и треба да се игнорираат, изјавија од Британската агенција.

Британија прислушување Спејсер Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.