Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Британците одбројуваат една година до Брегзит

0
By Нова ТВ on March 29, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За точно една година, на 29 март на полноќ, Велика Британија треба да ја напушти Европската Унија според календарот утврден од страна на преговарачите од европска и од британска страна.

Како што наближува разводот, така се потрнливи стануваат најделикатните преговарачки поглавја.

Досега утврдени се следните точки:

Велика Британија и ЕУ имаат до крајот на 2018-та за да ги завршат преговорите.
Велика Британија треба да напушти на 29 март 2019-та, по што и следува транзициски период до 31 декември 2020 година.

Што подразбира “транзицискиот период“?

Ни ова прашање всушност не е до крај разјаснето и се уште за него се преговара. Познато е само дека двете страни се договорија да има транзициски период.

ЕУ бара за време на овој период Велика Британија да продолжи да ги почитува правилата на заедничкиот пазар, а слободата на движење на добрата, капиталот, услугите и луѓето да бидат дозволени, но и Велика Британија да ги почитува пресудите на Европскиот суд за правда, а притоа да не смее да биде инволвирана во процесот на носење одлуки во ЕУ.

Барања кои Лондон не ги прифаќа така едноставно.

Британскиот преговарач, Дејвид Дејвис, веќе најави на пример дека Британците ќе бараат да добијат право да се спротистават на европските закони со кои нема да се согласуваат.

За време на транзициската фаза ЕУ исто така бара правата на граѓаните на ЕУ кои живеат во Велика Британија да продолжат да се почитуваат на ист начин како за време на членството. Познато е дека Велика Британија сака за време на тој транзицискиот период да и биде дозволено да склучува трговски договори со трети земји, нешто што им е забрането на земјите членки на ЕУ (за трговија се преговара исклуливо во име на Унијата, не е суверено право на земјите), и е нешто што беше високо на списокот на барања на оние кои гласаа за напуштање на ЕУ на референдумот во 2016 година.

Ирското прашање

По истекувањето на транзицискиот период, тогаш де факто и де јуре Брегзит ќе стане реалност. Велика Британија нема повеќе да биде членка на ЕУ, а експертите се поделени околу можните последици од тој чин.

Останува најтрнливото прашање, а тоа е Ирска.

Ирскиот остров е поделен на два дела: Република Ирска, и Северна Ирска која е дел од Обединетото Кралство. Со напуштањето на ЕУ се поставува пред се трговското прашање. Доколку дел од островот и припаѓа на Европската Унија и нејзиниот обединет заеднички пазар во кој стоките, услугите и луѓето слободно се движат, ЕУ станува ранлива доколку нема тврда граница помеѓу двете Ирски.

Меѓутоа со оглед на крвавата историја на Ирска, ниту Велика Британија, ниту ЕУ, ниту Република Ирска не сакаат тврда граница. Мировниот договор кој им стави крај на немирите во Ирска во 1997-ма мора да биде испочитуван, сметаат сите страни. Со мировниот договор ирската граница стана невидлива, и заедно со воведувањето на заедничкиот внатрешен европски пазар, слободно транзитираат и стоките и производите и луѓето.

Конкретно, тоа значи дека за ЕУ е од голема важност се што ќе транзитира преку ирската граница по Брегзит да ги почитува правилата и стандардите на внатрешниот пазар.

Но, во тој случај, дали напуштањето на ЕУ има смисла?

Доколку главниот аргумент на поддржувачите на Брегзит е да Велика Британија да биде ослободена од регулаторните правила на ЕУ, како што беше кажано во кампањата, ќе се чувствуваат ли измамено оние кои гласаа за Брегзит? Особено што партијата на власт во Северна Ирска (ДУП, Унионисти) не само што е голем поддржувач на Брегзит, туку е и клучен фактор за коалицијата на сегашната премиерка на Велика Британија, Тереза Меј.

Оттука останува отворено прашањето како и дали ќе се реши ова деликатно досие до крајот на преговорите.

Може ли Велика Британија да остане во ЕУ?

Во теорија, не. И сегашната влада во Лондон продолжува да преговара за Брегзит како и досега. Меѓутоа се почести се гласовите и кампањите кои бараат Велика Британија да остане во ЕУ.

Вчера осамна нова про-ЕУ кампања од проевропската организација “Најдоброто за Британија“ со билборди на улиците и реклами во весниците и на телевизиите и бара да се “инволвира јавноста во кампањата која бара ново гласање за Брегзит“, објасни организацијата преку соопштение.

И поранешниот премиер, Тони Блер, се огласи пред пратениците барајќи нов референдум кога ќе бидат познати условите за Брегзит. Опозицијата смета дека треба да има право да го блокира процесот доколку не се задоволни со конечниот договор помеѓу Лондон и Брисел.

МИА

брегзит Велика Британија ЕУ Северна Ирска транзициски период
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.